Кадетите „класично“ на Цементарница, нова победа за КУЛ во лигата

Висока победа за женската сениорска екипа на гостувањето кај Победа Валандово
03/26/2022
Младинците убедливи со Њу Старс, висока победа за момците на Стефановски
03/27/2022

Кадетите „класично“ на Цементарница, нова победа за КУЛ во лигата

Кадетите на ФК КУЛ, денес беа домаќини на Њу Старс на првенствен суперлигашки натпревар. Нашите момци на дуелот одигран на стадионот „Цементарница“ впишаа победа со резултат 1-0 (1-0).


Тренерот Стефановски дуелот го започна со следните 11 избраници: Цветковски, Зафировски, Мицевски, Ѓорѓиев, Митревски (К), Фејзула, Попов, Стоимов, Перковски, Манасиевски, Стојанов.


Отворивме на почетокот добро, имавме контрола на играта и посакувавме рано да отвориме со погодок. Успеавме во тоа се играше 7.минута, Теодор Перковски одлично повлече, потоа мајсторски асистираше до Фејзула Мухамедин кој беше немилосреден. Со неговиот гол поведовме со 1-0 на оваа кадетска средба. По голот повторно имавме иницијатива, сепак во наредните 15-сетина минути двата тима немаа прилики за одбележување. Противникот се закани со удар од дистанца, на нашиот гол Мартин Цветковски беше внимателен. До крајот на првиот период ние имавме две шанси со удари надвор од казнениот простор. Во првата Ќеховиќ Ален упати удар, во втората прилика Стоимов Димитар се обиде од далечина. Во последната минута гостинот успеа да погоди во гредата, тоа беше последна прилика во првите 45.минути кои завршија со наша минимална предност.


Влеговме во вториот дел со идеја со офанзивна игра да ја браниме предоста создадена во првиот период на овој суперлигашки кадетски дуел. Прва прилика за одбележување имаше капитенот Митревски Јован, кој упати удар со глава кон противничкиот гол. Стефаноски освежи и во игра го уфрли на левата бочна позиција Мифтари Шевал. Во 72.минута ја имавме најголемата прилика во вториот дел до тогаш, капитенот Митревски по нафрлена топка од десната страна упати удар од 7-8.метра кој голманот на гостинската екипа успеа да го скроти. Противникот речиси и да не го загрози голот на Мартин Цветковски во вториот период. Од 80 до 85.минута имавме две прилики, за нас се заканија Мифтари Шевал и Перковски Теодор чии удари не донесоа удвојување на предноста. Успеаавме да ја исконтролираме до крај оваа средба и дојдовме до нови три бода.


Во игра денес влегоа, Фејзула Мухамедин кој по само неколку минути го замени повреднеиот Попов Горазд, во вториот дел во игра нашиот тренер го уфрли Мифтари Шевал.