Младинците убедливи со Њу Старс, висока победа за момците на Стефановски

Кадетите „класично“ на Цементарница, нова победа за КУЛ во лигата
03/27/2022
Преглед на резултатите од 16.коло, КУЛ освои 9 бодови на натпреварите со Њу Старс
03/28/2022

Младинците убедливи со Њу Старс, висока победа за момците на Стефановски

Денес, младинската екипа на ФК КУЛ, беше домаќин на екипата на ФК Њу Старс на првенствен суперлигашки натпревар. Нашите момци на дуелот одигран на стадионот „Цементарница“ дојдоа до победа со резултат 3-0 (1-0).


Тренерот Стефановски дуелот го започна со следните 11 избраници: Ројчинов, Стефановски, Ивановски, Николов, Јаневски, Коцевски, Здравески (К), Ристевски, Станковски, Петрушевски и Ивановски.


Првиот дел започна со наша теренски иницијатива и доминација во поле. Имавме повеќе од играта и ние први се заканивме, нашиот капитен изведе слободен удар, Стефан Здравески од 20.метри успеа да ја погоди гредата од голот на гостинот. Нашата екипа искреира уште една одлична прилика, Петрушевски Андреј упати удар кон голот на противникот. Њу Старс се закани во две прилики, на нашиот гол „чуварот на мрежата„ Ројчинов Андреј беше на висина на задачата во тие моменти. И во вториот период од првите 45.минути ние имавме повеќе од играта, напаѓавме постојано на нивната половина. Имавме две големи шанси во последните пет минути, најпрвин капитенот Здраевски изведе слободен удар кој мина за малце крај голот, потоа до топката по една мешаница дојде Петрушевски Ангел, кој стрелаше умешно. Со неговиот погодок поведовме со 1-0 во финишот, резултат со кој се замина и на пауза помеѓу двата периода на оваа средба.


Нападнавме одлично на почетокот на вториот дел, целта беше брзо да ја удвоиме предноста и да ги обезбедиме бодовите на оваа младинска средба. Успеавме доста рано, по 3.минути добивме пенал кој мајсторски го реализираше Јаневски Филип. По овој момент имавме исто така домининантни па погодивме и за високи 3-0, по изведена корна од десна страна топката дојде до Стефан Здравески, капитенот со волеј од 20.метри постигна прекрасен гол. Ние напаѓавме и потоа во еден момент изведовме 4-5.корни по ред, што само го одсликуваше нашиот доминантен офазнивен статус. Стефановски и Коцевски во финишот се заканија со удари со глава, за жал по нивните обиди не дојдовме до четири предност. трите бода беа обезбедени со три погодока и убедлива игра, честитки за момците и тренерот за овој настап.

Во игра влегоа:  Стојчевски Леонид,  Буковски Александар, Дончевски Милан и Цветановски Кристијан.