КУЛ против Шкендија, во 1/8 финалето на младинскиот Куп на Македонија

Преглед на резултатите од 16.коло, КУЛ освои 9 бодови на натпреварите со Њу Старс
03/28/2022
Како изгледаат табелите после комплетирање на 16.првенствено коло
03/29/2022

КУЛ против Шкендија, во 1/8 финалето на младинскиот Куп на Македонија

Во рамките на 1/8 финалето во младинскиот Куп на Македонија, нашиот клуб за противник ја има екипата на Шкендија.

Пионерските екипи во среда (30.03) се домаќини на Шкендија, додека кадетите и младинците во четврток (31.03) гостуваат во Тетово кај истиов противник. Натпреварите на Цементарница се закажани да започнат од 14:00 и 16:00 часот. Во Тетово, дуелите на игралиштето на АМС СЦ ќе стартуваат од 13:00 и 15:00 часот.

Патникот во следната рунда ќе биде познат после само еден одигран натпревар.