Шкендија го доби натпреварот од 1/8 финалето во Купот, пионерите ги завршија настапите во ова натпреварување

Помладите пионери елиминирани од Купот, Шкендија славеше минимална победа
03/30/2022
(Фотогалерија) Пионерските екипи ги одиграа натпреварите од Купот против Шкендија
03/31/2022

Шкендија го доби натпреварот од 1/8 финалето во Купот, пионерите ги завршија настапите во ова натпреварување

Попладнево,  на стадионот „Цементарница“  , пионерската екипа  на ФК КУЛ беше домаќин на  ФК Шкендија од Тетово во натпревар од 1/8-финалната фаза (еден дуел) од Купот на Македонија во фудбал. Еден гол го реши патникот во 1/4 финалето, истиот го постигна гостинската екипа со погодок од белата точка во последните минути од натпреварот.

Тренерот Нацев започна со овој тим:  Димитриевски Давид,  Стефановиќ Владимир, Фејзула Осман,  Ахмедов Мохамед,  Амети Лулзим, Васиќ Даниел,  Цамиќ Белмин,  Нацев Бојан,  Станковски Петар, Цветановски Матеј (К) и Филиповски Стефан.

Можеме да жалиме што не ги искористивме своите шанси на овој натпревар од Купот. Во првиот дел од натпреварот најголемата прилика ја имавме преку капитенот Матеј Цветановски кој доби топка во противничкиот шеснаесетник, биеше од неколку метри, но топката не ја погоди целта, односно заврши во гол аут. Од слободен удар се обиде и Стефан Филиповски, но немаше реализација, додека во уште една прилика се најде Цветановски откако беше прекраток на нафрлена топка од левата страна. Шкендија немаше ниту една директна закана кон нашиот гол, едноставно имавме поголем посед на топка, креиравме шанси, но денес изостана реализацијата.

И во вториот дел ние го диктиравме темпото на игра, но гостите од Тетово во овој дел од натпреварот на два пати сериозно се заканија кон нашиот гол. Во првата прилика имаа удар од некаде десеттина метри, кој успешно го скроти нашиот голман Димитриевски, додека во втората шанса после акција од десната страна и додадена топка во нашиот шеснасетник еден од гостинските играчи биеше од непосредна близина, но со перфектна интервенција Давид Димитриески спаси чист гол.

Имавме и ние свои обиди да го загрозиме голот на противникот, но сепак не бевме сконцентрирани во некои моменти кои можеа да донесат голема опасност кон голот на Шкендија. Се играше 87 минута кога беше направен прекршок во нашиот шеснасетник од страна на голманот, главниот судија покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Даут Каримани. Немаше многу време за опасности кон голот на гоститите, кои ја зачуваа предноста и славеа триумф со резултат 0:1.

Кај нас во игра влегоа Дамјан Љубомировски, Благој Мијаков и Борјан Наков. Шкендија е екипата која ќе го продолжи патот во ова натпреварување.