Помладите пионери елиминирани од Купот, Шкендија славеше минимална победа

Како изгледаат табелите после комплетирање на 16.првенствено коло
03/29/2022
Шкендија го доби натпреварот од 1/8 финалето во Купот, пионерите ги завршија настапите во ова натпреварување
03/30/2022

Помладите пионери елиминирани од Купот, Шкендија славеше минимална победа

Денес на стадионот „Цементарница“ , помладите пионери на КУЛ ја пречекаа екипата на ФК Шкендија од Тетово во натпревар од 1/8-финалната фаза од Купот на Македонија во фудбал. Според правилата се играше само еден дуел за одредување  на патникот во следната 1/-4-финална фаза, по оваа средба во следната фаза патува екипата на Шкендија.

Нашиот тим започна на оваа средба со следните 11:  Диковски Даниел,  Кузманоски Милан, Трајковски Петар, Трпевски Петар (К), Стојановски Матеј, Трифуновски Олег,  Бектеши Хабиб, Бошнаков Јован,  Љамалари Фисник, Костадинов Невен и  Ризвановиќ Тарик. 

Во првото полувреме не видовме ниту една директна закана од нашиот состав, додека Шкендија успеа да постигне гол и на полувреме да има водство од 0:1. После центар шут од десната страна, еден од гостинските играчи беше највисок во скокот со глава успевајќи да му донесе предност на својот тим. Гостинската екипа имаше уште две добри прилики во првото полувреме кои останаа неискористени. После едно невнимание во нашата одбрана, се создаде шанса за Шкендија, но на нашиот гол одбрани Диковски, додека после една неуспешна офсајд замка, голема прилика имаше гостинот да го зголеми резултатот, но не успева да погоди еден од нивните играчи, откако успеа да се ослободи и од голманот Диковски. По првите 45 минути, тимот од Тетово имаше минимално водство од 0:1.

Во вториот дел заигравме поцврсто и поофанзивно, а најголемата шанса да го израмниме резултатот ја имавме преку удар од белата точка, кој за жал не успеав е да го реализираме. Првиот удар во вториот дел го имаше Бектеши, но беше блокиран, па беше отстранета опасноста, додека обид имаше и Камчев кој заврши крај голот на гостите. Петар Трпевски исто така се обиде од слободен удр, но топката беше лесен плен за гостинскиот чувар на мрежата. После една наша добра акција, Душан Ангелевски беше играчот кој биеше од некаде 18-сетина метри, но голманот на Шкендија со крајни напори го одбрани ударот и исфрли во корнер, добра прилика за израмнување но голманот успева да одбрани. Откако Бектеши беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, главниот судија покажа на белата точка.

Одговорноста ја превзема капитенот Петар Трпевски кој бие слабо, па голманот на противникот успева да го скроти ударот и да спречи израмнување. Веднаш после промашениот пенал од наша страна, Шкендија имаше добра прилика, но со парада голманот Диковски спречи зголемување на негативата. Последната прилика ја имаше Матеј Стојановски кој бие од слободен удар, но без сериозна закана за голот на гостите. На крајот победа за Шкендија со минимални  0:1.

Во игра на дуелот влегоа уште и Ѓуровски, Ангелевски, Спасовски и Камчев. Екипата на Шкендија се пласира во следната елиминациска рунда.