Кадетите и младинците на КУЛ не ја минаа 1/8-финалната рунда во Купот

(Фотогалерија) Пионерските екипи ги одиграа натпреварите од Купот против Шкендија
03/31/2022
Ново коло во Детската Лига, распоред на натпревари
04/01/2022

Кадетите и младинците на КУЛ не ја минаа 1/8-финалната рунда во Купот

Денес на игралиштето на АМС СЦ во  Тетово, кадетите  и младинците на ФК  КУЛ гостуваа кај  екипата на ФК Шкендија од Тетово во натпревар од 1/8-финалната фаза од Купот на Македонија во фудбал. Според правилата се играше само еден дуел за одредување  на патникот во следната 1/-4-финална фаза. Домаќинот успеа со двете екипи да мине во следната фаза.

Кадетскиот тим испадна од ова натпреварување по поразот со резултат 2-0.

Тренерот Стефановски дуелот го започна со следните 11 кадети:  Цветковски Мартин,  Зафироски Виктор (К), Крстевски Никола, Мицевски Марко, Цветановски Кристијан, Мифтари Шевал, Ќеховиќ Алан , Методиевски Дарио,  Дончевски Милан,  Стојанов Филип и Јованов Трајче.

Домашниот тим пласманот понатака го реши веќе по 28.минути на оваа Куп средба. Шкендија најпрвин во 24.минута поведе со 1-0 на овој натпревар, а веќе по 4.минути, во 28.минута успеа да ја удвои предноста. Со тој резултат, 2-0 заминавме на одмор помеѓу двата периода на оваа кадетска средба. Во вториот дел немаше погодоци во мрежата на нашиот голман Цветковски Мартин и „чуварот на мрежата“ на домаќините Исмаили Арсим, па пресудни за победата беа двата погодоци постигнати во првата третина од оваа средба.

Во игра во вториот дел во нашиот кадетски тим влезе еден играч,  во 61.минута Петровски Јордан го замени на теренот Ќеховиќ Алан.

Младинците на ФК КУЛ  испаднаа од Куп натпреварувањето со резултат 6-0 (4-0).

Младинците дуелот го започнаа со овој состав:  Ројчинов Андреј, Ѓорѓиев Стефан,  Ивановски Дамјан, Митревски Јован, Здравески Стефан (К),  Јаневски Филип, Коцевски Гоце,  Станковски Томи,  Ивановски Дамјан,  Николов Никола и  Петрушевски Ангел. 

Овој младински Куп натпревар беше решен како и кадетскиот во првиот дел, домаќинот успеа да поведе со високи 4-0 по 45.минути игра во Тетово. Тие поведоа со 1-0 во 22.минута, веќе во 40минута имаа 4-0 резултат со кој се замина на одмор помеѓу двата периода на овој дуел. Во вториот дел во 63.минута Шкендија поведе со 5-0, четири минути по тоа во 67.минута беа постигнати конечните на оваа Куп средба 6-0. На овој натпревар шанси имавме преку Коцевски кој шутираше близу голот, како и капитенот Здравески кој во вториот дел од слободен удар ја погоди пречката од голот на Шкендија.

Во вториот дел во игра влегоа од клупата:  Стојчевски Леонид, Стоимов Димитар,  Тодоровски Бодан,  Перковски Теодор и Буковски Александар.