Во рамките на 17.коло наш противник е Македонија Ѓ.П

Ново коло во Детската Лига, распоред на натпревари
04/01/2022
Без бодови од гостувањата во регионалната лига за КУЛ
04/02/2022

Во рамките на 17.коло наш противник е Македонија Ѓ.П

Нов викенд и нови возбудувања во младинската Супер Лига. На програмата се натпреварите од 17.коло во кое се среќаваме со екипата на Македонија Ѓ.П.

Сите натпревари со овој противник се закажани за сабота (02.04). На Цементарница со почеток од 14:00 и 16:00 часот ќе се одиграат натпреварите на пионерските екипи на Кул и Македонија Ѓ.П, додека кадетите и младинците ќе гостуваат на стадионот во Ѓорче Петров на истиов противник, во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Не очекуваат интересни натпревари, се надеваме на позитивни резултати за нашиот клуб.