Без бодови од гостувањата во регионалната лига за КУЛ

Во рамките на 17.коло наш противник е Македонија Ѓ.П
04/01/2022
Младинците ја победија Македонија ЃП во гости, кадетите без бодови
04/02/2022

Без бодови од гостувањата во регионалната лига за КУЛ

Денес во рамки на регионалната Скопска лига, ФК КУЛ гостуваше со селекциите 2007 и 2008 кај екипата на ФК Вардар. Домаќинот дојде до бодовите на овие натпревари.


Најпрвин се одигра дуелот кај помладите петлиња, ФК Вардар генерација 2008 не совлада со 5-0.


Започнавме со следните 11: Цветевски Ангел ,Димковски Филип, Лазаров Дарган, Гоџо Мартин, Ангелески Леон, Ристески Павел, Талевски Трајче, Николовски Андреј, Лупевски Калин, Арнаудов Ведран и Алексов Михаил.


Првиот дел беше поприлично рамноправен, домашниот тим успеа да ги реализира своите прилики за погодоци. Ние имавме две добри шанси кои не завршија во мрежата на црвено-црните. Најпрвин од слободен удар се закани Николовски Андреј. Потоа домаќинот погоди за 1-0. Ние преку Ведран Арнаудов имавме две прилики за изедначување, но не успеавме да погодиме во мражата на домаќинот. Вардар поведе 2-0 резултат кој се покажа како конечен за првиот период на овој натпревар од регионалната лига за млади фудбалски надежи родени 2008 година и помали.


Во вториот дел домашниот тим по само неколку минути успеа да поведе со 3-0. Ние имавме прилика преку Лупевски Калин чиј удар не донесе намалување. Истиот играч потоа се обиде со удар од дистанца, голманот на ривалот исфрли во корнер. Домашниот тим успеа да ја удвои предноста од првиот дел и поведе со 4-0. Лупевски ја имаше најголемата шанса за погодок за нас, добивме пенал и тој беше играчот кој го изведе истиот. Успеа да шутне силно, но за жал голманот на ривалот успеа да ја скроти топката. Во финишот Вардар погоди за конечни 5-0, резултат со кој заврши оваа средба.


На втората средба кај генерацијата 2007, ние бевме поразени до домаќините со резултат 2-0.

Започнавме со следниот состав: Јованов Андреј, Николовски Даниел,  Мутовиќ Лео, Јовановски Душан, Љамалари Газменд,  Тасевски Лука,  Ристоски Марко,  Попов Марко,  Стефановски Марко,  Петаноски Стојанов Гаврил и  Крстевски Михаил.


На оваа средба бевме далеку подобри противници на почетокот, ние креиравме повеќе акции и со тоа имавме и конкретни шанси. Најпрвин за нас прилика имаше Стефановски Марко, неговиот обид не донесе предност. Потоа се заканивме и преку Тасевски Лука, сепак резултатот остана оној почетниот. Кога не ги искористуваш своите прилики стига казна, од единствената шанса ФК Вардар успеа да поведе со 1-0 во првиот дел. Токму со тој гол и со минимална негатива заминавме на одмор помеѓу двата периода на оваа средба од регионалната лига за момци родени 2007 година.

Слично како и првиот период и во овој ние имавме неколку прилики, имавме прва шанса преку Стефановски Марко сепак не успеавме да ја анулираме предноста на црвено-црните. Потоа се заканивме и преку  Јовановски Душан, чии удар заврши над голот на домашниот тим. Примивме несреќен гол одкосо по кој вардаровата екипа успеа да ја удвои предноста на оваа средба, исто како и во првото полувреме од првиот удар кон нашиот гол во тој период. Имавме уште две прилики до крајот преку Петаноски Стојанов Гаврил, најпрвин од слободен удар, потоа и од поле сепак тоа не донесе погодок за нас.