Младинците ја победија Македонија ЃП во гости, кадетите без бодови

Без бодови од гостувањата во регионалната лига за КУЛ
04/02/2022
Ризвановиќ ја реши Македонија Ѓ.П, помладите пионери се вратија на победите
04/02/2022

Младинците ја победија Македонија ЃП во гости, кадетите без бодови

Во рамките на 17.коло на Супер лигата, денес ФК КУЛ гостуваше кај Македонија Ѓорче Петров со кадетската и младинската екипа. На овие средби дојдовме до една победа и еден пораз.

Кадетите беа поразени од своите врсници со резултат 3-1 (0-0) на денешното соочување.

КУЛ играше во овој состав: Мартин Цетковски, Виктор Зафироски (К), Никола Крстевски, Стефан Ѓоргиев, Марко Мицевски, Алан Ќеховиќ, Димитар Стоимов, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стојанов, Јордан Петровски.

Првиот дел заврши со почетните 0-0, двата тима не успеаа да ги затресат мрежите на нашиот Ројчинов Андреј  и домашниот голман во првите 45.минути на оваа кадетска средба. Ние имавме прилика во овој период од слободен удар кој го изведе Димитар Стоимов. Своја прилика за погодок имаше и Горјан Манасиевски,. На пауза заминавме со почетните 0-0.

Во вториот дел видовме дури четири погодока на оваа средба, се играше далеку поотворен фудбал. Најпрвин во 55.минута, Македонија Ѓорче Петров поведе со 1-0. Ни тргнавме и успеавме да стигнеме до резултатска симетрија на овој кадетски дуел, се играше 67.минута, Мифтари Шевал  со удар од 20.метра успеја мајсторски да пласира и да изедначи на 1-1. Домаќинот успеа во 80 и 85.минута да погоди и да оствари победа со резултат 3-1.

Во игра влегоа и Кристијан Цветановски, Шевал Мифтари, Мухамедин Фејзула и Милан Дончевски. 

Младинците на КУЛ дојдоа до победа со идентичен резултат со кој беа поразени кадетите, односно победивме со резултат 1-3 на оваа средба.

Младинците започнаа со овој состав: Ројчинов Андреј, Стефановски Љупче, Ивановски Дамјан,  Митревски Јован,  Здравески Стефан (К), Јаневски Филип, Коцевски Гоце,  Станковски Томи, Ристески Бојан,  Ивановски Дамјан и Николов Никола. 

Се одигра цврсто прво полувреме, двата тима прикажаа борбена игра без голем број на шанси. Се до 40.минута немаше прилики за одбележување на двете страни. Капитенот Здравески во 40.минута направи одличен пробив по десната страна влезе во казнениот простор и асистираше до Коцевски Гоце  кој само ја спроведе топката во мрежата за наша предност. Со неговиот гол поведовме со 0-1 на ова гостување, со тој резултат заминавме на одмор помеѓу двата дела на овој суперлигашки натпревар.

Вториот дел започна со брз погодок на домашните, тимот на Ѓорче Петров успеа да дојде до реми 1-1. Ние тргнавме да ја вратиме предноста, Здравески повторно одзема една топка, направи пробив и го пронајде Коцевски Гоце  кој со неговиот втор погодок денес донесе предност од 1-2. До крај имаше две прилики за одбележување, најпрвин одличен удар на домашната екипа кој го сопре Ројчинов, потоа прилика имаше Томи Станковски. Тој доби асистенција од Ангел Петрушевски и стрелаше за 1-3 во 82.минута. Со овој резултат дојдовме до победа и освоивме три бода.

Играа уште: Стојчевски Леонид,  Буковски Александар,  Тодоровски Бодан и  Петрушевски Ангел.