Ризвановиќ ја реши Македонија Ѓ.П, помладите пионери се вратија на победите

Младинците ја победија Македонија ЃП во гости, кадетите без бодови
04/02/2022
Продолжува победничката серија на пионерите, втор триумф сезонава на натпреварите со Македонија Ѓ.П
04/02/2022

Ризвановиќ ја реши Македонија Ѓ.П, помладите пионери се вратија на победите

Помладите пионери се вратија на победите во лигата. Попладнево на Цементарница, во рамките на 17.коло нашите млади надежи успеаа да ја победат екипата на Македонија Ѓ.П. Падна само еден гол на овој натпревар, истиот заврши во мрежата на гостинската екипа.

Тренерот Рафески стартуваше со следниве 11-сетмина: Даниел Диковски, Милан Кузманоски, Петар Трајковски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Хабиб Бектеши, Јован Бошнаков, Фисник Љамалари, Невен Костадинов и Тарик Ризвановиќ.

Видовме мирно прво полувреме без големи шанси на двете страни. Хабиб Бектеши во два наврати се обиде да го загрози противничкиот гол, во првиот обид биеше директно од корнер покрај голот, додека имаше прилика и од слободен удар, но одбрани голманот на гостинската екипа. Во првиот дел обид имаше и капитенот Петар Трпевски кој од слободен удар биеше по земја, но без поголема опасност кон противничкиот гол. Екипата на Македонија Ѓ.П немаше сериозна прилика за погодок, па на полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

Повеќе ја посакувавме победата на овој натпревар и на крајот успеавме во тоа. Имавме поголем посед на топка, креиравме и шанси од кои една успеавме да ја претвориме во погодок. После една акција меѓу Бектеши и Љамалари, Хабиб Бектеши биеше од некаде 18.метри, но само крај голот. Во 58.минута успеавме да го отвориме резултатот со погодокот на Тарик Ризвановиќ. Се играше акција од десната страна, Александaр Спасовски беше играчот кој се избори за позиција, даде топка во противничкиот шеснаесетник, истата стигна до Ризвановиќ кој од прва бие погодувајќи ја противничката мрежа за водство од 1:0.

Од слободен удар се обиде Бектеши кој биеше над голот, додека во последните пет минути од натпреварот во голема шанса се најде еден од противничките играчи, кој не успеа да реализира зицер позиција, топката мина крај голот за наша среќа. Ги исконтролиравме последните пет минути од натпреварот, на крајот успеавме да славиме минимална, но голема победа со конечни 1:0.

Играа уште и Илхан Имеров, Омар Беровиќ и Андреј Ѓуроски.