Три бода за помладите пионери, пораз за пионерите на натпреварите со Шкупи

Сениорките на ЖФК КУЛ со висока победа се враќаат од Кавадарци
04/09/2022
Генерацијата 2008 на КУЛ подобра од ФК Аеродром, на натпревар од 3.коло во регионалната Скопска лига
04/10/2022

Три бода за помладите пионери, пораз за пионерите на натпреварите со Шкупи

Денес на натпреварите од 18.коло со пионерските екипи гостувавме кај екипата на Шкупи. Помладите пионери успеаа да освојат три бода, додека поразени бевме со пионерите.

Помладите пионери на Кул стигнаа до нова победа во лигата и тоа со два погодоци во последните шест минути од натпреварот. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 0:2. Се играше 84 минута кога Омар Беровиќ со силен удар од голема далечина успеа да постигне гол и да донесе предност од 0:1, за само три минути подоцна победата да ја „запечати“ Александар Спасовски за водство од 0:2. На вториот гол претходеше слободен удар на Костадинов, домашниот голман во прв момент одбрани, но на одбиената топка натрча Спасовски кој успеа да погоди. На натпреварот имавме уште неколку шанси, кои останаа нереализирани, па на крајот стигнавме до заслужена победа.

КУЛ: Андреј Јованов, Гаврил Петаноски Стојанов, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Јован Бошнаков, Фисник Љамалари, Невен Костадинов и Олег Трифуновски.

Играа уште и Петар Лазовски, Христијан Рајевски, Лео Мутовиќ, Стојанче Камчев, Михаил Крстевски и Никола Јовановски.

Пионерите доживеа пораз на гостувањето кај Шкупи, минимално со резултат 1:0. Домашниот тим имаше иницијатива во првиот дел од натпреварот, кога имаа и две сериозни шанси кон нашиот гол, кој ги спречи Јордан Јосифов со одлични интервенции. И ние имавме свои прилики во првиот дел преку Цамиќ и Цветановски кои останаа неискористени. Се играше 37 минута кога еден од противничките играчи излезе насамо со нашиот голман кој го совлада за предност од 1:0.

Во вториот дел гледавме обратна слика на теренот, избраниците на Нацев напаѓаа, но сепак не успеавме да ја затресеме противничката мрежа. Како најсериозни ќе ги издвоиме на Наков и Цветаовски кои останаа неискористени. На крајот победа за домашната екипа со резултат 1:0.

КУЛ: Јордан Јосифов, Томислав Богдановски, Осман Фејзула, Адис Зекири, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ, Матеј Цветановски (К), Лулзим Амети и Стефан Филиповски.

Во игра влегоа Давид Димитриевски, Дамјан Љубомировски, Владимир Стефановиќ и Мохамед Ахмедов.