Генерацијата 2008 на КУЛ подобра од ФК Аеродром, на натпревар од 3.коло во регионалната Скопска лига

Три бода за помладите пионери, пораз за пионерите на натпреварите со Шкупи
04/09/2022
Убедлива победа за генерација 2007 на натпреварот против екипата на Аеродром
04/10/2022

Генерацијата 2008 на КУЛ подобра од ФК Аеродром, на натпревар од 3.коло во регионалната Скопска лига

Помладите петлиња на Кул стигнаа до втората победа во рамките на регионалната Скопска лига. Утрово на Цементарница, нашата генерација составена од играчи родени 2008 година беа подобри од екипата на Аеродром 2018. Конечниот резултат гласеше 2:0 (0:0).

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангел Цветевски, Мартин Гоџо, Драган Лазаров, Михаил Алексов, Леон Ангелески (К), Андреј Николовски, Трајче Талевски, Калин Лупевски, Ведран Арнаудов, Филип Димковски, Лука Аврамовски.

Имавме доминација и поголем посед на топка во текот на првото полувреме. Трајче Талевски беше играчот кој во два наврати се обиде од слободен удар, во првиот одбрани голманот, додека при вториот обид топката мина над голот. Екипата на Аеродром немаше ниту една директна закана кон нашиот гол во овој дел од натпреварот. Добра прилика имавме Михаил Алексов преку кој доби топка во противничкиот шеснаесетник после акција од левата страна, биеше од непосредна близина, но голманот на Аеродром успешно одбрани. Во првиот дел обид имаше и Леон Ангелески кој биеше од голема далечина, но топката беше лесен плен за гостинскиот голман.

Во вториот дел успеавме да ги реализираме дел од шансите и на крајот да триумфираме со резултат 2:0. Пред да го отвориме резултатот пропуштивме голема прилика од пенал да поведеме, но не успеавме да реализираме. Откако Талевски беше соборен во противничкиот шеснаесетник, главниот судија оправдано покажа на белата точка. Андреј Николовски ја превзема одговорноста, но сепак не успеа да го погоди голот, односно топката мина крај десниот директ.

Продолживме со иницијативата, во шанса се најде и Лупевски, но се уште немаше промена на резултатот. Конечно успеваме да поведеме, после една наша добра акција од десната страна центар шут упати Лупевски, во шеснаесетникот на вистинското место се најде Лео Ангелески кој успева да погоди за водство од 1:0. Веќе во следниот напад, Талевски ја погоди стативата, додека предноста на 2:0 ја зголеми Калин Лупевски. Овој резултат беше и конечен на овој натпревар од 3.коло во регионалната Скопска лига за помлади петлиња.

Играа уште и Андреј Кузманов и Теодор Велковски.