Сениорките на ЖФК КУЛ со висока победа се враќаат од Кавадарци

КУЛ домаќин на Аеродром, во 3.коло на Регионалната Скопска Лига
04/08/2022
Три бода за помладите пионери, пораз за пионерите на натпреварите со Шкупи
04/09/2022

Сениорките на ЖФК КУЛ со висока победа се враќаат од Кавадарци

Девојките на ЖФК КУЛ денес во рамки на 11.коло од сениорската втора лига гостуваа кај екипата на ЖФК Тиквешанки СМ, на натпреварот одигран  на игралиштето „Калница “ во Ваташа-Кавадарци дојдовме до убедлива и сигурна победа. Нашите сениорски триумфираа со резултат 0-8.

Уште по првиот период кој го добивме со резултат 0-3, беше јасно дека бодовите ќе ги освоиме ние на ова гостување, тргнавме со гол во раната фаза уште во 6.минута,  поведовме со 0-1 преку Величкова Дева. На пауза заминавме со 0-3, а во вториот период на овој првенствен сениорски дуел постигнавме уште пет погодоци со кои ја запечативме победата и освоивме нови три бода.

Во нашиот тим имаше шеcт девојки кои успеаа да погодат во мрежата на ривалот,  погодоците во првиот дел беа во 6, 27 и 34.минута. Во вториот период погодивме во 49, 52,  61, 62 и  70.минута за конечни 9-0.