На ефикасен натпревар, кадетите на Кул поразени од екипата на Шкупи

Убедлива победа за генерација 2007 на натпреварот против екипата на Аеродром
04/10/2022
Осма првенствена победа за младинците, падна Шкупи на Цементарница
04/10/2022

На ефикасен натпревар, кадетите на Кул поразени од екипата на Шкупи

Во рамките на 18.коло во кадетската Супер лига, нашите кадети на Цементарница беа поразени од екипата на Шкупи. На еден ефикасен натпревар на крај како победник излезе тимот од Чаир, кој славеше триумф со резултат 2:4 (0:2).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Стефан Ѓорѓиев, Марко Мицевски,  Виктор Стефановиќ, Димитар Стоимов, Милан Дончевски, Даниел Васиќ, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски и Филип Стојанов. 

На натпревар со отежнати услови за игра поради обилните врнежи со дожд, подобро во првото полувреме се снајде екипата на Шкупи, која искористи две шанси за погодок и на одмор замина со водство од 0:2. Првиот гол падна после прекин, кога еден од нивните играчи упати долга топка во нашиот шеснасетник која никој не ја допра, па истата заврши во нашиот гол, додека вториот гол падна после акција од десната страна, топка доби еден од играчите на Шкупи во нашиот голмански простор, реализирајќи од неколку метри за зголемување на резултатот. Кај нас обид имаше Даниел Васиќ, но одбрани голманот на гостинската екипа.

Тргнавме офанзивно во второто полувреме со цел да ја преполовиме негативата. Најголемата шанса за намалување на резултатот ја имаше Димитар Стоимов кој со удар откосо ја погоди стативата од голот на Шкупи. После една наша акција од десната страна во противничкиот шеснаесетник соборен беше Зафироски, па судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше Димитар Стоимов кој го намали резултатот на 1:2. Гостинската екипа успеа да ја врати предноста од два гола разлика и да поведе со 1:3. Голот беше на одбиена топка, откако Мартин Цветковски најпрво одбрани, но на одбиената топка стигна еден од играчите на противникот кој ја смести топката во мрежата. Икао имавме повторно негатива од два гола, сепак продолживме да се бориме за подобар резултат.

Нововлезениот Борјан Наков успеа да се запише во листата на стрелци и да намали на 2:3, откако во истата акција Цветановски ја погоди стативата од голот на Шкупи. Сепак во следниот напад, само што тргнаа од центарот, гостинскиот тим успеа да постигне нов гол и да зголеми на 2:4. До крајот на натпреварот немаше некоја сериозна шанса на двете страни, кај нас од голема далечина се обиде Методиевски, но одбрани голманот на противникот. Конечниот резултат на крајот гласеше 2:4.

Играа уште и Матеј Цветановски, Борјан Наков,  Кристијан Цветановски и Јордан Петровски.