Убедлива победа за генерација 2007 на натпреварот против екипата на Аеродром

Генерацијата 2008 на КУЛ подобра од ФК Аеродром, на натпревар од 3.коло во регионалната Скопска лига
04/10/2022
На ефикасен натпревар, кадетите на Кул поразени од екипата на Шкупи
04/10/2022

Убедлива победа за генерација 2007 на натпреварот против екипата на Аеродром

До победа во рамките на 3.коло во регионалната Скопска лига стигнаа и повозрасните петлиња на Кул. Денес на Цементарница нашите млади надежи убедливо ја победија екипата на Аеродром 2018. Конечниот резултат гласеше 8:0 (3:0).

Тренерот Тодоровски го започна натпреварот со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Марко Ристоски, Лео Мутовиќ (К), Душан Јовановски, Газменд Љамалари, Спасе Здравевски, Марко Попов, Марко Стефановски, Благој Здравковски, Андреј Русовски и Лука Тасевски. 

По само пет минути игра имавме предност од 2:0 со погодоците на Марко Попов. Играта се одвиваше на половината на противникот, па нашиот тим континуирано создаваше шанси за погодок. Спасе Здравевски исто така имаше обид, кој го одбрани противничкиот голман, додека предноста на 3:0 ја зголемивме преку Душан Јовановски кој погоди со глава после центар шут од корнер. За одбележување во првиот дел се и две добри одбрани на нашиот голман, Христијан Рајевски, кој го спречи противникот да го намали резултатот. Шанса во овој дел од дуелот имаше и Лео Мутовиќ, но немаше реализација. На полувреме се замина со резултат 3:0.

На стартот од второто полувреме гостинската екипа си постигна и авто гол, за наша предност од 4:0, додека со погодокот на Лео Мутовиќ од пенал успеавме да го зголемиме резултатот на 5:0. Дождливото време ги отежнуваше условите за игра, но сепак ние продолживме со офанзивната игра. После изведен корнер и нафрлена топка во противничкиот шеснаесетник, Лео Мутовиќ, беше играчот кој со глава успеа да ја затресе мрежата за водство од 6:0. До крајот на натпреварот постигнавме уште два гола. Со хет-трик на Мутовиќ поведовме со 7:0, додека конечните 8:0 на натпреварот ги постави Газменд Љамалари.

Ова беше втора победа сезонава за повозрасните петлиња на Кул. Во игра на натпреварот влегоа и Андреј Јованов, Михаил Крстевски, Фисник Љамалари, Гаврил Петаноски-Стојанов и Петар Сандев.