Повозрасните петлиња на Кул поразени од Шкендија

Без победник на натпреварот во Регионалната Скопска Лига, Кул и Шкендија одиграа без голови, кај генерација 2008
04/16/2022
Кадетите и младинците без бодови на гостувањето кај Академија Пандев
04/16/2022

Повозрасните петлиња на Кул поразени од Шкендија

Повозрасните петлиња на Кул се поразени на натпревар од 4.коло во Регионалната Скопска Лига. На Цементарница нашите млади надежи загубија од екипата на Шкендија со резултат 1:3 (1:2).

Тренерот Тодоровски натпреварот го започна со: Андреј Јованов (К), Јане Цветков, Лука Северов, Лео Мутовиќ, Даниел Николовски, Михаил Крстевски, Спасе Здравевски, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Петар Сандев и Лука Тасевски.

По првото полувреме резултатот беше 1:2 во корист на гостинската екипа, која од две полушанси успеа да ја затресе нашата мрежа. Првиот директен удар на натпреварот го имаше Газменд Љамалари, додека голот за нас после една мешаница во противничкиот шеснаесетник го постигна Михаил Крстевски за да намали на 1:2, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Имавме две прилики во вториот дел да го израмниме резултатот, но за жал не успеавме да ги искористиме. После една акција, Лука Тасевски даде топка во противничкиот шеснаесетник до Марко Стефановски, кој биеше од прва, но ударот беше блокиран доволно да заврши во корнер. Шанса имавме и преку Михаил Крстевски кој после центар шут на Мутовиќ од слободен удар, се најде во позиција да го загрози голот на гостите, биеше, но одбраната на Шкендија во последен момент ја отстрани опасноста и ја исфрлија топката од гол линијата.

Шкендија повторно успева да ја затресе нашата мрежа, после нафрлена топка од корнер, лоша реакција и на нашиот голман и на нашите играчи, топката заврши во нашата мрежа, откако еден од играчите на Шкендија се најде на вистинското место. Со овој погодок беше поставен конечниот резултат од 1:3.

Во игра влегоа и Марко Ристоски, Никола Петровски, Ангел Шавгановски и Андреј Русовски. 

После четири одиграни кола, повозрасните петлиња на Кул имаат скор од две победи и исто толку порази.