Кадетите и младинците без бодови на гостувањето кај Академија Пандев

Повозрасните петлиња на Кул поразени од Шкендија
04/16/2022
Победа по пресврт за помладите пионери на КУЛ против А.Пандев
04/17/2022

Кадетите и младинците без бодови на гостувањето кај Академија Пандев

Кадетите и младинците на Кул денес гостуваа во Струмица кај екипата на Академија Пандев, на натпреварите од 19.коло. На двата натпревари како победник излезе домашниот тим.

Кадетите беа поразени од Академија Пандев со резултат 2:0, со по еден гол во двете полувремиња. Филип Митрев беше играчот кој во 11 минута донесе предност за домаќинот од 1:0, додека во 87 минута конечниот резултат го постави Серафим Тасев. Избраниците на Стефановски имаа неколку прилики кои останаа неискористени. Денес игравме против екипа која се бори за шампионската титула во Лигата, нашите момци дадоа максимум, беа и рамноправен противник, но на крајот бодовите останаа во Струмица.

КУЛ: Мартин Цветковски (К), Стефан Ѓорѓиев, Марко Мицевски, Кристијан Цветановски, Шевал Мифтари, Горазд Попов, Милан Дончевски, Даниел Васиќ, Горјан Манасиевски, Филип Стојанов и Јордан Петровски.

Играа уште и Виктор Стефановиќ, Матеј Цветановски и Борјан Наков.

Поразени бевме и со младинците, поубедливо со резултат 4:1 во корист на Академија Пандев. Разликата од три гола беше направена во второто полувреме со оглед дека на одмор се замина со резултат 1:1. По само 14.минути игра видовме по еден гол во двете мрежи. Струмичани први успеаа да го отворат резултатот во 10.минута со погодокот на Кире Стојанов, но само четири минути подоцна нашите младинци го израмнија резултатот на 1:1 со голот на капитенот Стефан Здравески, кој пресече една топка на противничката екипа, успеа да го помине стоперот и мирно заврши погодувајќи во спротивниот агол. Во овој дел од натпреварот шанса имавме и преку Станковски, кој доби повратна топка од Ивановски, но немаше реализација. Освен погодокот, домашниот тим во првите 45 минути немаше некоја друга сериозна шанса кон голот на Ројчинов.

Академија Пандев одигра многу подобро и подоминантно во второто полувреме, успевајќи да постигне три гола во нашата мрежа. Со вториот гол на Стојанов во 61 минута домаќинот го врати водството за 2:1, додека со погодоци во 76 минута преку Зимбаков и 83 минута со гол на Дарајиловски да ги постави конечните 4:1 на овој натпревар во младинската Супер лига.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Љупче Стефаноски, Јован Митревски, Стефан Здравески (К), Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Дамјан Ивановски, Томи Станковски, Бојан Ристески и Ангел Петрушевски.

Во игра влегоа и Леонид Стојчевски и Александар Буковски.