Победа по пресврт за помладите пионери на КУЛ против А.Пандев

Кадетите и младинците без бодови на гостувањето кај Академија Пандев
04/16/2022
Пионерите на КУЛ одиграа реми со А.Пандев
04/17/2022

Победа по пресврт за помладите пионери на КУЛ против А.Пандев

Денес на „Цементарница“ помладите пионери на КУЛ ја пречека екипата на ФК Академија Пандев. Нашите момци успеаа да дојдат до победа со пресврт на оваа средба, ние победивме со резултат 2-1 (1-1).

Стартен состав: Даниел Диковски, Лео Мутовиќ, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Јован Бошнаков, Фисник Љамалари, Дамјан Спасовски и Олег Трифуновски. 

Започнавме резервирано на оваа средба на која се играше по дождливо време. За жал прв поведе противникот со гол од слободен удар за водство со 0-1. Тргнавме офанзивно со цел да ја вратиме резултатската симетрија, веднаш впишавме две прилики за нас. Се заканивме преку Мутовиќ Лео и Бошнаков Јован. Гостите од Струмица имаа обид од далечина на нашиот гол одличен беше Диковски Даниел кој одбрани. По изведена корна од десна страна, топката опасно ја нафрли капитенот Трпевски Петар, од силината на ударот противникот не успеа да исфрли и ја смести топката во својата мрежа. Успеавме да изедначиме, ние дојдовме до реми 1-1. По погодокот атакувавме на целосне пресврт до крајот на првиот дел, имавме две шанси преку Љамалари Фисник и Олег Трифуновски. На одмор заминавме со резултат 1-1.


На почетокот на вториот дел имавме прилика за погодок, прв се закани за на Бошнаков. Тргнавме во атак со цел да направиме целосен пресврт на оваа средба. Два обида имаше Олег Трифуновски, неговите удари минаа за малку крај голот на гостинот. Конечно дојде погодокот за пресврт, поведовме со 2-1. Спасовски Александар беше стрелец на нашиот тим, тој погоди за голема радост. Изведовме слободен удар на 25.метри, одигравме кратко проигрување и одличен удар упати Олег Трифуновски. Имавме повеќе од играта во поле во овој втор дел, ние бевме тимот кој креираше прилики, имаше посед и иницијатива и покрај предноста од еден погодок. Противникот по една контра се закани и упати удар од дистаница, одлично одбрани нашиот „чувар на мрежата“ , Диковски Даниел. Успеавме да дојдеме до победа со одлична и борбена игра.

Во игра во вториот дел влегоа и Јане Цветков, Борис Павлов и Петар Лазовски.