Пионерите на КУЛ одиграа реми со А.Пандев

Победа по пресврт за помладите пионери на КУЛ против А.Пандев
04/17/2022
(Фотогалерија) ФК КУЛ (2007) – ФК Шкендија
04/18/2022

Пионерите на КУЛ одиграа реми со А.Пандев

Пионерите на ФК КУЛ денес ја пречекаа екипата на Академија Пандев од Струмица. На натпреварот кој се одигра на стадионот „Цементарница“ дојдовме до реми 2-2 (1-0).


Започнавме со овој состав: Давид Димитриевски, Дамјан Љубомировски, Лулзим Амети, Томислав Богдановски, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ, Бојан Нацев, Петар Станковски, Матеј Цветановски (К) и Стефан Филиповски.


Тргнавме рано офанзивно кон голот на гостинскиот тим, атакувавме на рано водство и во тоа успеавме. Веќе во 9.минута отворивме со погодок, за нас стрелаше Цамиќ Белмин кој погоди за 1-0. По погодокот продолживме да напаѓаме, две прилики за погодок за нашот пионерски тим имаше Васиќ Даниел. Противникот се закани, на нашиот гол одлично одбрани Давид Димитриевски. Имавме повеќе од играта и покрај дождливото време по кое се играше оваа средба. Последна шанса за нашиот тим имаше Наков Борјан кој упати удар кон голот на струмичани, голманот на противникот успеаа да го скроти тој удар. На одмор заминавме со предност од 1-0 на оваа суперлигашка средба.


Вториот дел започна онака како што заврши и првиот, со посед и иницијатива на пионерите на КУЛ. Започнавме со напади по првата судиска свирка во овој период. Идентично како во првиот дел, по 9.минути фудбал погодивме и во овој период. Наков Борјан одлично асистираше до Матеј Цветановски, нашиот капитен со удар од 20.метра пласираше одлично крај десната статива за удвојување на предноста, ние поведовме во 54.минута со 2-0. По голот имавме уште една шанса за гол, Наков се закани со удар од дистанца, неговиот удар голманот на струмичани успеа да го скроти. Гостинот успеа да ја преполови нашата предност, тие со погодок за 2-1 намалија на минимална негатива во однос на нашиот тим. Нашиот „чувар на мрежата“ успеа да скроти една топка упатена од 5.метра со глава и да спречи изедначување. По една мешаница која настана по изведен пенал од десната страна, гостинот успеа да погоди за реми, 2-2. Матеј Цветановски имаше одлична шанса од слободен удар, голманот на ривалот со крајни напори изби во поле. Ние напаѓавме со цел да поведеме повторно, нашиот капитен и Васиќ во финишот на дуелот имаа свои обиди за погодок кои не ги реализираа. На крајот натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2.

Во игра влегоа и Виктор Стефановиќ и Адис Зекири.