Пионерските екипи освоија по еден бод на гостувањето кај Пелистер

Против Пелистер продолжуваат натпреварите од 20.младинско коло
04/25/2022
Здравески донесе три бода за младинците, кадетите одиграа со нерешен резултат, на натпреварите со Пелистер
04/27/2022

Пионерските екипи освоија по еден бод на гостувањето кај Пелистер

Денес во Битола се одиграа натпреварите од 20.коло во помладата и пионерската Супер Лига, меѓу екипите на Пелистер и Кул. Двата натпревари завршија без победник, односно со нерешен резултат.

Помладите пионери на Кул иако први успеаа да го отворат резултатот, сепак на крајот натпреварот заврши со нерешени 1:1, со голови во вториот дел од натпреварот. Во првиот дел од натпреварот имавме два директни удари, од кои едниот беше посериозен, но обидот на Омар Беровиќ во шеснаесетникот со врвот на прстите успеа да го скроти домашниот голман и да спаси негатива. Претходно се обиде и Имеров од голема далечина, но ништо сериозно кон голот на Пелистер.

После една добра акција во 57.минута, Беровиќ беше играчот кој се ослободи од тројца противнички фудбалери, додаде до Љамалари, а овој несебично го проигра Олег Трифуновски, на кој не му беше лесно да ја смести топката во противничката мрежа за предност од 0:1. После само седум минути од нашето водство, Пелистер успеа да искористи една прилика и да го израмни резултатот на 1:1 со голот на Христијан Јовановски во 64 минута. До крајот на дуелот, во шанса се најде и Дамјан Спасовски, но немаше нова промена на резултатот, па натпреварот заврши со нерешени 1:1

КУЛ: Даниел Диковски, Гаврил Петаноски-Стојанов, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Јован Бошнаков, Фисник Љамалари, Дамјан Спасовски и Олег Трифуновски.

Играа уште и Никола Јовановски и Петар Лазовски.

Пионерите извлекоа голем бод од гостувањето во Битола, со оглед дека од 15.минута игравме со играч помалку, откако директен црвен картон доби нашиот голман, Давид Димитриевски. И покрај тоа, имавме свои шанси на натпреварот, две беа преку Борјан Наков и една преку Даниел Васиќ. како и преку Бојан Нацев кој во последната минута од натпреварот се најде во прилика, но немаше погодок. На спротивната страна свои закани кон нашиот гол имаше и противникот, но до крајот успеавме да ја зачуваме мрежата незатреена. На крајот натпреварот заврши со почетните 0:0.

КУЛ: Давид Димитриевски, Томислав Богдановски, Осман Фејзула, Бојан Нацев, Дамјан Љубомировски, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ, Петар Станковски, Матеј Цветановски (К) и Стефан Филиповски.

Играа уште Владимир Стефановиќ и Мохамед Ахмедов.