Здравески донесе три бода за младинците, кадетите одиграа со нерешен резултат, на натпреварите со Пелистер

Пионерските екипи освоија по еден бод на гостувањето кај Пелистер
04/26/2022
Распоред на натпревари за новото коло во Детската Лига на ФФМ
04/28/2022

Здравески донесе три бода за младинците, кадетите одиграа со нерешен резултат, на натпреварите со Пелистер

Денес на Цементарница се одиграа натпреварите од 20.коло во кадетската и младинската Супер Лига, против екипата на Пелистер. Нашите кадети освоија бод, додека младинците успеаа да триумфираат во дуелот со овој противник.

Кадетите на Кул и Пелистер одиграа со нерешен резултат 1:1. Гостите од Битола успеаа уште во 3.минута од натпреварот да го отворат резултатот и да поведат со 0:1, резултат кој беше актуелен на полувреме. Во овој дел од натпреварот не видовме некоја посериозна шанса на нашиот состав.

Се играше 67.минута од натпреварот кога момците на Стефановски успеаа да стигнат до израмнување, заслужено со оглед на иницијативата што ја имаа во вториот дел од натпреварот. После нафрлена топка од слободен удар од леватата страна на Стоимов, во противничкиот шеснаесетник највисок беше Стефан Ѓорѓиев, кој со глава успеа да го совлада голманот на Пелистер и да го израмни резултатот на 1:1. Истиов играч можеше лесно да постигне уште еден гол и да донесе пресврт, но не успеа да реализира од идентична позиција, како и при постигнување на првиот гол. На крајот натпреварот заврши со нерешени 1:1.

КУЛ: Мартин Цветковски, Стефан Ѓорѓиев, Марко Мицевски, Бојан Јанкулоски ( К), Горазд Попов, Димитар Стоимов, Мухамедин Фејзула, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стојанов и Даниел Васиќ.

Играа уште и Шевал Мифтари, Белмин Цамиќ, Матеј Цветановски и Борјан Наков.

Минимална, но голема победа забележаа младинците кои со резултат 1:0. Беа подобри од екипата на Пелистер. Решавачкиот момент за конечниот победник се случи во 41.минута кога Јосип Бартон покажа на белата точка за нашиот тим, очекувано откако Гоце Коцевски после една одземена топка од противничкиот стопер и наметната пресинг игра на противничката половина, Коцевски беше фаулиран во шеснаесетникот на гостите, па беше досуден удар од 11.метри. Истиот прецизно го изведе капитенот Стефан Здравески кој донесе радост и водство од 1:0. Во првото полувреме нашиот голман Андреј Ројчинов немаше многу работа на голот, додека кај нас се закани Томи Станковски, како и Здравески после еден соло продор и упатен удар со левата нога, но голманот на Пелистер во таа прилика успешно одбрани.

Во вториот дел гостинската екипа се обидуваше да стигне до израмнување, имаа и некои удари кон нашиот гол, кои беа слабо упатени и без сериозни возбудувања кон нашиот гол. Во последната минута од натпреварот, голема прилика имавме преку нововлезениот Бодан Тодоровски кој излезе сам со голманот на Пелистер, успеа и да го помине, но не и да ја вметне топката во мрежата. Сепак на крајот, стигнавме до победа со резултат 1:0. Во 85.минута главниот судија додели по еден црвен картон на двете страни, кај нас исклучен беше Никола Николов.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Виктор Зафироски, Дамјан Ивановски, Јован Митревски, Стефан Здравески (К), Гоце Коцевски, Томи Станковски, Бојан Ристески, Никола Николов, Дамјан Ивановски и Ангел Петрушевски.

Во игра влегоа Леонид Стојчевски и Бодан Тодоровски.