Генерацијата 2007 со победа против Работнички, минимален пораз за генерација 2008

Помладите пионери ја совладаа ФК Победа
04/30/2022
Пионерите одиграа реми со Победа од Прилеп
04/30/2022

Генерацијата 2007 со победа против Работнички, минимален пораз за генерација 2008

Денес на теренот во Градски Парк, одигравме натпревари против Работнички, со нашите генерации 2007 и 2008, во рамките на 5.коло од Регионалната Скопска Лига. На овие натпревари остваривме половичен успех од една победа и пораз.

Натпреварот кај генерацијата 2008 му припадна на тимот на Работнички, кој славеше триумф со резултат 2:1. Домашната екипа по првото полувреме имаше предност од 1:0 со голот на Јакуп Сали во 36.минута. Во 48.минута Работнички поведе и со 2:0 со погодокот на Даријан Колевски, додека ние во 55.минута преку Тарик Муртиќ се вративме во игра, кога намаливме на 2:1, но сепак до крајот немаше промена, па натпреварот заврши со овој резултат.

КУЛ: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Мартин Гоџо, Леон Ангелески, Андреј Николовски, Трајче Талевски, Михаил Алексов, Тарик Муртиќ, Теодор Велковски, Ведран Арнаудов и Филип Димковски.

Играа и Петар Крчановски, Јован Гиевски, Матеј Ивановски и Лука Аврамовски.

Генерацијата 2007 успеа да стигне до голема победа на гостувањето кај Работнички. Избраниците на Горан Тодоровски славеа минимално со резултат 0:1, но доволно да се освојат трите бода. Решавачкиот момент се случи во 63.минута кога мрежата на противникот ја затресе Благој Здравковски.

КУЛ: Андреј Јованов, Даниел Николовски, Јане Цветков, Благој Здравковски, Павел Ристески, Спасе Здравевски, Михаил Крстевски, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Лука Тасевски и Андреј Русовски.

Во игра влегоа и Ангел Шавгановски и Виктор Ангеловски.