Помладите пионери ја совладаа ФК Победа

Лидери!!! ЖФК КУЛ го победи главниот конкурент Кочани во гости , сега сме на врвот
04/30/2022
Генерацијата 2007 со победа против Работнички, минимален пораз за генерација 2008
04/30/2022

Помладите пионери ја совладаа ФК Победа

Помладите пионери на КУЛ дојдоа до победа на домашен терен, на денешниот дуел на „Цементарница“ ја совладавме ФК Победа со резултат 1-0 (0-0)

Започнавме со овој состав: Диковски Даниел, Мутовиќ Лео, Петаноски Стојанов Гаврил, Трпевски Петар (K),  Стојановски Матеј, Спасовски Александар,  Имеров Илхан, Трифуновски Олег,  Беровиќ Омар,  Спасовски Дамјан и  Јовановски Никола.

Се играше борбен прв дел, кој беше полн со дуели и и цврста игра на двата помлади пионерски состави. Противникот се закани, на нашиот гол одлично одбрани Диковски Даниел,  тој имаше неколку добри интервенции. Прилика за нашиот тим во првиот дел имаше Мутовиќ Лео чиј удар беше исфрлен во корна. Имавме иницијатива, сепак моравме да се задоволиме со реми без голови по првите 45.минути беше 0-0.

Вториот дел започна со одбрана на Диковски Даниел кој успеа да скроти еден незгоден удар. На сцена стапи Јовановски Никола, кој имаше голема борба со „чуварите“ и атакуваше на голот на ривалот, тој пропушти две прилики да погоди во голот на прилепчани. Конечно во во 63.минута, Јовановски Никола беше најснаодлив и успеа да погоди за 1-0. Со одлична и борбена игра до крајот го зачувавме водството и дојдовме до три бода на оваа средба над тимот на ФК Победа.

Во последните 10.минути бевме и со играч помалку во поле, но не дозволивме да дојде до изедначување.