Пионерите одиграа реми со Победа од Прилеп

Генерацијата 2007 со победа против Работнички, минимален пораз за генерација 2008
04/30/2022
Кадетите и младинците без бодови од гостувањето во Прилеп кај Победа
05/01/2022

Пионерите одиграа реми со Победа од Прилеп

Пионерите на ФК КУЛ, денес ја пречекаа екипата на ФК Победа на првенствен натпревар кој се играше на стадионот „Цементарница“. На оваа средба дојдовме до реми 1-1 (0-0).

Ние натпреварот против прилепчани го започнавме со следниот состав: Јосифов Јордан, Љубомировски Дамјан, Стефановиќ Владимир,  Богдановски Томислав,  Фејзула Осман, Ахмедов Мохамед,  Наков Борјан,  Васиќ Даниел,  Нацев Бојан, Цамиќ Белмин и Цветановски Матеј (К).

Првиот дел беше исполнет со многу борба, двата тима имаа огромен број на дуели, цврста игра го красеше овој пионерски натпревар. Мрежите на нашиот голман Јордан Јосифов и гостинскиот „чувар на мрежата“ мируваа во првите 45.минути. Интересен факт е дека двата тима речиси и да немаа сериозни прилики за одбележување, кои можеа да доведат до погодок. Единствено кај нас обид имаше Цамиќ Белмин чиј обид не донесе предност за нашата екипа, на одмор заминавме со почетните 0-0.

Вториот дел започна со наш обид од далечина на Фејзула Осман, кој упати удар од дистанца кон голот на противникот. Ние напаѓавме и конечно отворивме со гол во 70.минута преку Цамиќ Белмин, со неговиот погодок поведовме со 1-0. Тимот од Прилеп за жал по само 6.минути успеа да ја врати резултатската симетрија која беше на „сила’ 70.минути пред нашиот гол и погоди за 1-1. Со овој резултат заврши овој суперлигашки меч.

Во игра влегоа: Стефановиќ Виктор,  Амети Лулзим, Станковски Петар и Зекири Адис.