Кадетите и младинците без бодови од гостувањето во Прилеп кај Победа

Пионерите одиграа реми со Победа од Прилеп
04/30/2022
Преглед на одиграното 21.коло, комплетни резултати во сите четири лиги
05/02/2022

Кадетите и младинците без бодови од гостувањето во Прилеп кај Победа

Кадетите и младинците на Кул се поразени денес на натпреварите од 21.коло. Нашите состави гостуваа во Прилеп кај екипата на Победа.

Кадетите беа поразени од екипата на Победа со резултат 3:0. Скратената ротација со која располагаше денес Стефановски си го направи своето, па на крајот останавме без бодови од гостувањето во Прилеп. Во последната минута од првото полувреме домашната екипа успеа да поведе со 1:0 со голот на Марио Тасески. Во вториот дел паднаа уште два гола, истите ги постигна противничката екипа преку Глигор Шиков во 67 и Виктор Тошески во 76 минута од натпреварот за конечни 3:0. Ние исто така имавме свои обиди на овој натпревар, но сепак не успеавме да ја затресеме противничката мрежа.

КУЛ: Мартин Цветковски (К), Стефан Ѓорѓиев, Марко Мицевски, Мухамедин Фејзула, Адис Зекири, Лулзим Амети, Димитар Стоимов, Илче Миланоски, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски и Јордан Петровски.

Со скратен избор на играчи денес настапија и младинците, кои беа високо поразени од лидерот во лигата, екипата на Победа. Прилепчани не оставија ништо на случајноста во борбата за шампионската титула и славеа победа со резултат 5:0. Филип Тодороски беше играчот кој постигна хет трик во 24, 56 и 84.минута, додека Давид Дебрешлиоски беше стрелец на два гола во 40 и 63.минута од натпреварот.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Виктор Зафироски, Дамјан Ивановски, Матеј Цветановски, Стефан Здравески (К), Гоце Коцевски, Леонид Стојчевски, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски и Ангел Петрушевски.

Во игра влезе и Борјан Наков.