Лидери!!! ЖФК КУЛ го победи главниот конкурент Кочани во гости , сега сме на врвот

Победа од Прилеп е следен противник
04/29/2022
Помладите пионери ја совладаа ФК Победа
04/30/2022

Лидери!!! ЖФК КУЛ го победи главниот конкурент Кочани во гости , сега сме на врвот

ЖФК КУЛ одигра дерби во Кочани кај тимот кој се бори со нас за врвот на табелата, екипата на ЖФК Кочани. Нашите девојки го добија и тоа убедливо дербито, тие сега се ЛИДЕРИ на табелата. Победата дојде со резултат 0-4 (0-2)

Ние започнавме со овој состав: Комненова Ведрана, Крстеска Елена, Крстева Кристина, Емини Канита, Стефаноска Сара, Стефаноска Симона, Здравевска Ива, Величкова Дева, Митревска Тања , Пејаковиќ Аниел и Додевска Михаела.

Тргнавме офанзивно и со сите сили кон голот на ривалот од првата минута на оваа средба. Доминиравме на нивната половина и веќе по 4.минути поведовме со 0-1, домаќинот под притисок на нашите девојки во нападот си постигна автогол. Атакувавме на удвојување на предноста, успеавме веќе во 20.минута, Величкова Дева стрелаше за предност од 2-0. Успеавме да ја задржиме истата и на одмор заминавме со два гола повеќе од ривалот.


Во вториот дел и покрај предноста успеавме да бидеме тимот кој ќе диктира игра и темпо. Наградата за нашата упорност дојде до 76.минута кога Здравеска Ива погоди за високи 0-3 и најави освјување на бодовите. Конечните 0-4 со кои и заврши оваа средба ги постиави во 84.минута, Станкова Марта која стрелаше за конечните 0-4.

Во игра кај нас од купата во вториот дел од натпреварот влезе, Станкова Марта.