Генерацијата 2007 подобра од Шкупи, на натпревар од Регионалната Скопска Лига

КУЛ домаќин на Шкупи, на натпревари од 6.коло во Регионалната Скопска Лига
05/06/2022
Девојките на КУЛ ја задржаа лидерската позиција, после денешната победа против Билјанини Извори
05/07/2022

Генерацијата 2007 подобра од Шкупи, на натпревар од Регионалната Скопска Лига

Генерацијата 2007 успеа да го победи Шкупи, на натпревар од Регионалната Скопска Лига. Денес на Цементарница нашите повозрасни „петлиња“ беа подобри од Шкупи, триумфирајќи со резултат 3:1.

Тренерот Тодоровски започна со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Даниел Николовски, Лео Мутовиќ, Душан Јовановски (К), Лука Тасевски, Фисник Љамалари, Михаил Крстевски, Марко Попов, Газменд Љамалари, Марко Стефановски и Гаврил Петаноски Стојанов. 

Нашиот состав рано успеа да го отвори резултатот со голот на Лео Мутовиќ, кој ја погоди противничката мрежа со глава после центар шут од левата страна. Гледавме добар натпревар на кој и двете екипи покажаа желба за надигрување, имаа добри моменти како и шанси за погодок. После нашата почетна предност, Газменд Љамалари имаше два обиди кон противничкиот гол, првиот беше директно од корнер кога сакаше да го изненади гостинскиот голман и вториот обид од слободен удар, но во двата наврати чуварот на мрежата на Шкупи не дозволи повторно да биде совладан. Добра шанса за зголемување на резултатот имавме преку Фисник Љамалари кој се најде во добра позиција, но сепак шутираше над голот. Екипата на Шкупи сепак успеа да го израмни резултатот на 1:1, после центар шут од корнер еден од противничките играчи се најде на вистинското место и донесе резултатска симетрија. Со резултат 1:1 се замина на полувреме од овој натпревар.

Бевме подобри во вториот дел од натпреварот и успеавме да постигнеме два гола и на крајот да стигнеме до победата. Газменд Љамалари постигна евро гол со удар од преку 25.метри успеа да ни донесе предност од 2:1. Од прекин се обиде гостинската екипа, но нивниот удар за малку оподи над голот, додека ние во следната акција успеваме да изнудиме пенал и да ја зголемиме предноста на 3:1. Откако во противничкиот шеснасесетик соборен беше Лео Мутовиќ, главниот судија покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Фисник Љамалари. До крајот на натпреварот тренерот Тодоровски им даде шанса за настап на уште неколку играчи, ние имавме контрола на играта и резултатот, па на крајот заслужено победивме со резултат 3:1. На нашиот гол денес неколку добри интервенции имаше Христијан Рајевски.

Играа уште и Марко Ристоски, Спасе Здравевски, Благој Здравковски и Петар Сандев.