Девојките на КУЛ ја задржаа лидерската позиција, после денешната победа против Билјанини Извори

Генерацијата 2007 подобра од Шкупи, на натпревар од Регионалната Скопска Лига
05/07/2022
Во вторник на програмата се одложените натпревари од 7.коло за кадети и младинци против Пелистер
05/09/2022

Девојките на КУЛ ја задржаа лидерската позиција, после денешната победа против Билјанини Извори

Сениорската женска екипа на Кул стигна до уште една голема победа, која ги носи блиску до пласман во најсилната женска фудбалска лига. Денес на Цементарница нашите девојки ја оправдаа фаворитската улога и славеа на натпреварот против екипата на Билјанини Извори од Охрид. Конечниот резултат гласеше 3:1 (1:0).

Кул беше подобар тим на теренот и на крајот заслужено ги освои трите бода. Резултатот во 27.минута го отвори Дева Величкова за 1:0, кој беше и актуелен на полувреме. Не оставивме ништо на случајноста, па со нови два погодоци во вториот дел ја зголемивме предноста. Ива Здравеска повторно ги покажа своите фудбалски квалитети и денес беше двоен стрелец, со нејзините погодоци во 70 и 76.минута зголемивме на 3:0. До крајот на дуелот, односно во 84 минута преку Јована Ѓорѓиеска, гостинот од Охрид намали на 3:1.

КУЛ: Ведрана Комненова, Кристина Крстева, Ива Матиќ, Сара Стефаноска, Симона Милошевска, Симона Стефаноска, Ива Здравевска (К), Дева Величкова, Марта Станкова, Аниел Пејаковиќ и Михаела Додевска.

Играа уште и Елена Крстеска, Ања Филипова, Сара Петрушевска, Елена Стаматовска и Канита Емини.

Кул се наоѓа на лидерската позиција, и е блиску пред промоција во Првата Фудбалска Лига.