Пионерите со „петарда“ во мрежата на Ренова

Пом.пионери со пресврт ја совладаа Ренова, Камчев „таличен“ за тетовчани
05/15/2022
Три бода за младинците, кадетите минимално поразени од Ренова
05/15/2022

Пионерите со „петарда“ во мрежата на Ренова

Денес, на домашен терен  пионерите на КУЛ ја пречекаа екипата на ФК Ренова од Тетово. На овој првенствен дуел победивме со „петарда“ односно со резултат 5-1 (3-0).

Состав КУЛ: Јосифов Јордан,  Љубомировски Дамјан, Стефановиќ Владимир, Богдановски Томислав,  Фејзула Осман,  Ахмедов Мохамед ,  Амети Лулзим,  Зекири Адис,  Васиќ Даниел, Нацев Бојан и  Филиповски Стефан.

Нападнавме по првата судиска свирка, имавме иницијатива па успеавме да дојдеме до пенал во 6.минута. Топката ја зема Васиќ Даниел, одлично шутна крај десната статива за предност од 1-0 во 7.минута. Доминиравме и по голот и атакувавме на удвојување, своја прилика имаше Ахмедов Мохамед. Повторно Васиќ Даниел ја имаше топката се одлучи за удар од  над 35.метра, погоди атрактивно вистински евро-гол за 2-0 во 23.минута. Се редеа прилики пред голот на ривалот, Амети Лулзим се обиде да го загрози голот на тетовчани. Успевме да дојдеме до високи 3-0, со глава погоди за нас Фејзула Осман , со овој резултат заминавме на одмор на оваа пионерска средба од 23.коло во Супер лигата.


На почетокот на на вториот дел ние се заканивме преку Васиќ Даниел кој упати удар, противникот имаше шут крај нашиот гол во продолжение. Панов Матеј кој влезе во вториот дел со силен удар од 10.метра стрелаше за високи 4-0 на оваа средба. Ние доминиравме со посед на оваа средба, имавме повеќе од играта и покрај високата предноста на истата. Добивме слободен удар на 25.метра на левиот раб на казнениот простор, силен удар упати Филиповски Стефан, топката мина над „живиот ѕид’ и се  заби под гредата за високи 5-0. Ривалот успеа во финишот само да ублажи и да намали на 5-1. Тоа беше последниот погодок на оваа пионерска суперлигашка средба.

Играа уште: Георгиевски Горјан, Панов Матеј,  Алаџајков Андреј и  Блажески Александар.