Три бода за младинците, кадетите минимално поразени од Ренова

Пионерите со „петарда“ во мрежата на Ренова
05/15/2022
Успешно коло против Ренова, преглед на резултати од 23.коло
05/16/2022

Три бода за младинците, кадетите минимално поразени од Ренова

Денес, на игралиштето на АМС СЦ Тетово   гостуваа кадетската и младинската екипа на ФК КУЛ кај тимот на ФК Ренова, на натпревари од 23.коло.

Кадетите беа поразени со минимални 1-0 (0-0) на ова свое гостување во Тетово, погодокот беше постигнат на 15.минути до крајот на натпреварот, до 75.минута имавме реми 0-0.

Кадетите натпреварот го започнаа со овој состав: Цветковски Мартин, Зафироски Виктор, Ѓорѓиев Стефан, Мицевски Марко, Фејзула Мухамедин,  Јанкулоски Бојан (К), Методиевски Дарио,  Стоимов Димитар,  Цветановски Матеј,  Наков Борјан и  Манасиевски Горјан.

Првиот дел иако имаше прилики на двете страни заврши без погодоци, по 45.минути во Тетово мрежите на домашниот голман Адили Куштрим и нашиот „чувар на мрежата“ Цветковски Мартин мируваа. Се замина на пауза со почетните 0-0 на овој натпревар.

Оваа кадетска средба од 23.коло во вторите 45.минути беше решена со еден погодок. Во 75.минута домаќинот, тимот на „гипсарите“ успеа да погоди за 1-0, резултат кој подоцна се покажа како конечен на дуелот.

Во игра кај нас во вториот дел во 60.минута влезе Мифтари Шевал, на местото  на Манасиевски Горјан.

Младинците освоија три бода во соочувањето со екипата на Ренова. Конечниот резултат гласеше 1:2, додека на полувреме се замина со нерешени 1:1.

Младинците натпреварот го започнаа со овие 11: Ројчинов Андреј, Стефановски Љупче,  Митревски Јован,  Петрушевски Ангел,  Дончевски Милан,  Коцевски Гоце, Јаневски Филип,  Станковски Томи, Ристески Бојан,  Ивановски Дамјан (К) и  Николов Никола.

Пред да биде отворен резултатот од наша страна, имавме неколку обиди кон противничкиот гол. После центар шут на Ивановски, во шанса се најде Петрушевски но немаше реализација, додека на повратна топка од Николов, удар над голот имаше Дончевски. Удар од дистанца имаше и Станковски, кој биеше само крај голот. Во 34 минута избраниците на Стефановски успеваат да поведат со 0:1, откако Николов добро го проигра Ангел Петрушевски, овој ја погоди противничката мрежа. На две минути пред крајот на првиот дел, Ренова успеа да постигне гол преку Изаири, после нафрлена топка од корнер. Во овој дел од дуелот, домашната екипа немаше некоја посериозна шанса за гол.

Во вториот дел гледавме рамноправна игра на двете страни. После една акција во кој Коцевски беше фаулиран надвор од шеснасетникот, главниот судија покажа слободен удар за нас. Истиот прецизно го изведе Филип Јаневски кој стрелаше во подалечниот агол, за предност од 1:2. До крајот немаше промена на резултатот, нашиот состав успеа да стигне до победа изразена со резултат 1:2.

Играа уште и Бодан Тодовски, Виктор Стефановиќ