Висока победа за КУЛ генерација 2007 на натпреварот против Форца

Победа за КУЛ над Форца во дуел од Регионалната скопска лига кај генерација 2008
05/21/2022
Пионерите без бодови од гостувањето во Штип
05/22/2022

Висока победа за КУЛ генерација 2007 на натпреварот против Форца

Во рамките на 8.коло од регионалната  скопска лига, попладнево  генерацијата 2007 на ФК КУЛ го пречека тимот на Форца на домашен терен. На дуелот кој се одигра на стадионот „Цементарница“,  на кој доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра дојдовме до победа со резултат 5-0 (2-0).

Натпреварот го започнавме со овој состав: Рајевски Христијан,  Здравкоски Благој , Јовановски Душан, Тасевски Лука, Здравевски Спасе,  Крстевски Михаил,  Попов Марко, Љамалари Газменд,  Николовски Даниел,  Цветков Јане и  Стефановски Марко.

На почетокот тргнавме офанзивно, ние бевме тимот кој го диктираше темпото, затоа успеавме да отвориме рано со погодок. За нас Здравевски Спасе успеа да ни донесе предност од 1-0. Веднаш потоа атакувавме на удвојување на предноста на оваа средба, две одлични прилики за нас пропушто Попов Марко. Убав удар кој заврши над гредата упати Цветков Јане, ние напаѓавме постојано, потоа и Тасевски Лука имаше прилика. Мина двајца играчи на ривалот, излезе со голманот сам на сам, и погоди во стативата.

Конечно дојде удвојувањето на предноста, топката дојде до Здравевски Спасе, кој одлично се снајде пред голот на ривалот  и погоди за 2-0. Форца имаше прилика за преполовување на предноста, на нашиот гол одлична одбрана имаше Рајевски Христијан. „Имењаците“ Стефановски Марко и Попов Марко  беа следни кои се заканија кон голот на противникот. Заминавме на одмор со комотни 2-0, и со дузина шанси создадени пред голот на противникот.

Вториот дел го започнавме со целосна офанзива кон голот на противникот, целта ни беше постигнување на нов погодок и осигурување на трите бода на оваа средба од регионалната лига. Дојдовме до гол за предност со 3-0, за нас успешно стрелаше Љамалари Газменд. По една невнимателност на ривалот  добивме пенал за нас, таа шанса не ја пропушти Попов Марко, кој ја зема одговорноста за ударот од 11.метра, шутна силно и прецизно и ни донесе предност од 4-0.

 

И покрај високата предноста и освежувањата од клупата, нашиот тим имаше ритам, напаѓаше имаше повеќе посед и доминација на теренот. Закани кон голот на ривалот имаа и Стефановски Марко и Шавгановски Ангел. Успеавме до крајот да погодиме уште еднаш. Стелец на последниот гол за конечни 5-0 во 79.минута беше Јовановски Душан.

Играа денес уште и: Ристоски Марко,  Шавгановски Ангел,  Ангеловски Виктор и Русовски Андреј.