ШАМПИОНИ!!! ЖФК КУЛ ВЛЕЗЕ ВО 1.ЛИГА КАКО ЛИДЕР, СОВЛАДАНА И ПОБЕДА ВАЛАНДОВО

Бод за младинците во Тетово, кадетите поразени од екипата на Шкендија
05/28/2022
Се комплетираше последното 26.коло во најквалитетната младинска Супер лига
05/30/2022

ШАМПИОНИ!!! ЖФК КУЛ ВЛЕЗЕ ВО 1.ЛИГА КАКО ЛИДЕР, СОВЛАДАНА И ПОБЕДА ВАЛАНДОВО

Нашите девојки од сениорскиот тим на ЖФК КУЛ, попладнево на стадионот  „Цементарница“ ја совладаа екипата на ЖРК Победа Валандово и како првопласирани во втората лига влегуваат во најквалитетната конкуренција во земјава. Веќе по една година постоење како сениорски тим ние направивме исчекор кон првата лига.

Избраничките на Митревска Тања, дојдоа до победа со пресврт и убедлив резултат, девојките на КУЛ  на денешниот натпревар победија со резултат 7-1 (2-1).

Започнавме со следниот состав: Комненова Ведрана,Крстеска Елена,Пачовска Анастасија , Mатиќ Ива ,Емини Канита, Стефаноска Сара ,Здравевска Ива ,Величкова Дева ,Станкова Марта , Пејаковиќ Аниел и Додевска Михаела.

На денешниот меч видовме дури осум гола,  седум од нив ги постигна Шампионот на лигата, КУЛ. Првиот дел започна со водство на ривалот во 20.минута, нашите девојки успеаа да направат  целосен пресврт уште во првите 45.минути и овој дел од натпреварот го добија со еден гол позитива односно со резултат 2-1. Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра иако тоа не се рефлекираше целосно на резултатот, сепак пред нас беше вториот дел кој донесе „голеада“.

Во вториот дел прикажавме „шампионски танц“, со уште дури пет гола во мрежата на гостинот од Валандово дојдовме до убедлива победа со резултат 7-1. За Кул денес стрелаа три девојки, две од нив постигнаа по три гола тоа беа,  Здравеска Ива (22′, 44′ и  56.минута) и  Пејаковиќ Аниел (50′, 67′ и 78.минута). Еден гол беше дело на  Станкова Марта, таа во мрежата на ривалот погоди во 70.минута од ова 18-то, последно коло во женската фудбалска второлигашка конкуренција. Треба да напоменеме и дека, на нашиот гол денес одлична беше Комненова Ведрана, особено во првиот период од дуелот. Честитки за стрелците и остатокот од тимот за успехот.

Во игра влегоа: Филипова Ања,  Милошевска Симона ,Стаматовска Елена , Вичишка Сара и Петрушевска Сара.