Бод за младинците во Тетово, кадетите поразени од екипата на Шкендија

Пионерите без бодови од средбата со Шкендија
05/28/2022
ШАМПИОНИ!!! ЖФК КУЛ ВЛЕЗЕ ВО 1.ЛИГА КАКО ЛИДЕР, СОВЛАДАНА И ПОБЕДА ВАЛАНДОВО
05/28/2022

Бод за младинците во Тетово, кадетите поразени од екипата на Шкендија

Денес, во рамките на последното 26.коло во младите фудбалски лиги, нашите кадети и младинците гостуваа во Тетово кај екипата на Шкендија.

Кадетите на Кул беа неочекувано високо поразени со резултат 8:0. Крајот на првото полувреме не навести ваков расплет на настаните, со оглед дека домашната екипа имаше само минимално водство од 1:0, со погодок во 29.минута преку Нухија. Сепак во вториот дел дојде до голем пад во играта на нашата екипа, која немилосрдно го казнија тетовчани, постигнувајќи дури седум голови во нашата мрежа. Шабани беше играчот кој постигна хет-трик во 56, 62 и 67 минута од вториот дел, Селмани погоди во 47 и 76 минута и со уште два гола на Нухија во 52 и 61.минута беа поставени конечните 8:0 на овој последен натпревар сезонава во кадетската Супер Лига.

КУЛ: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Јован Митревски (К), Марко Мицевски, Мухамедин Фејзула, Бојан Јанкулоски, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стојанов, Шевал Мифтари и Горазд Попов.

Играа и Љубомир Стојановски и Јордан Петровски.

Младинците на Шкендија и Кул одиграа со нерешен резултат 2:2, сите четири голови на овој дуел беа постигнати во првиот дел од натпреварот во младинската Супер лига.

Избраниците на Драган Стефановски имаа водство од 0:2, по само 15 минути игра, но домашниот тим од Тетово сепак успеа до истекот на првите 45.минути да го израмни резултатот на 2:2. Томи Станковски беше играчот кој во 4 и 15.минута ни донесе водство од 0:2. При првиот гол по неколку пасови  на нашите момци  ја исфрливме одбраната од баланс, топката дојде до Гоце Коцевски кој го пронајде Станковски, стрелецот на двата гола упати одличен удар од 16.метра. Томи при вториот негов погодок исолира, од работ на казнениот удар со силен удар  со лева нога погоди во горниот лев агол и го удвои водството.

Сепак Шкендија успеа да врати на ист начин и со голови во 23.минута преку Берзати и во 33.минута со голот на Хамза да израмни на 2:2, што беше и конечен резултат на крајот.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Ангел Петрушевски, Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Стефан Здравески (К), Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски и Димитар Стоимов.

Играа уште и Никола Николов и Бодан Тодоровски.