Пионерите без бодови од средбата со Шкендија

Половичен успех за „петлињата“ на Кул, на натпреварите против Њу Старс во Регионалната Лига
05/28/2022
Бод за младинците во Тетово, кадетите поразени од екипата на Шкендија
05/28/2022

Пионерите без бодови од средбата со Шкендија

Пионерите на ФК КУЛ во последното коло од лигата денес на „Цементарница“ ја пречекаа екипата на Шкендија од Тетово. Гостинот дојде до бодови на оваа средба и оствари победа со резултат 0-4 (0-3).

Дуелот го започнавме со овој состав: Јосифов Јордан,  Стефановиќ Владимир,  Фејзула Осман,  Стефановиќ Виктор,  Амети Лулзим, Наков Борјан ,  Васиќ Даниел,  Цамиќ Белмин,  Нацев Бојан и  Цветановски Матеј (К) и Филиповски Стефан.


Започнаа двата тима резервирано на оваа средба, се играше на средината на теренот. Први прилика имаа гостите од Тетово, истата ја претворија во погодок и поведоа со 0-1 на оваа последна пионерска средба за сезоната 2021/2022. По ова ние се обидовме да ја вратиме резултатската симетрија, своја прилика со глава имаше Стефановиќ Владимир. По еден несмасен старт во нашиот казнен простор,  главниот судија досуди најстрога казна за црвено-црните, гостинот со прецизен удар ја удвои својата предност и поведе со 0-2. Имавме прилика веднаш по овој гол од слободен удар преку Матеј Цветановски, тој удар не донесе намалување на предноста. Истиот играч имаше голема шанса, од 4-5 метра шутна силен волеј, голманот на противникот успеа да одбрани со крајни напори. Двете промашувања беа казнети во финишот на првиот дел по една контра Шкендија поведе со 0-3 на оваа средба кога го совладаа Јосифов кој претходно имаше две-три одлични одбрани,  со тој резултат се замина на пауза помеѓу двата периода.

Вториот дел започна со наша теренска инцијатива, прв обид за нас имаше Филиповски Стефан, чиј удар противничкиот голман го исфрли во корна. Нашиот притисок беше константен, прва следна голема прилика за одбележување имаше Цамиќ Белмин, чиј удар го скроти голманот на тетовчани. До крајот имавме уште една убава прилика преку Цветановски Матеј, голманот на ривалот успеа да го скроти и тој удар. Имавме повеќе од играта, но фалеше реализација, по една контра противникот погоди за 0-4. Подоцна се покажа тој резултат како конечен на оваа средба која е последна за пионерите од оваа дебитантска сезона во Супер лигата за пионери на ФФМ.

Во игра влегоа и Љубомировски, Ахмедов и Зекири.