Половичен успех за „петлињата“ на Кул, на натпреварите против Њу Старс во Регионалната Лига

Висока победа на помладите пионери над Шкендија
05/28/2022
Пионерите без бодови од средбата со Шкендија
05/28/2022

Половичен успех за „петлињата“ на Кул, на натпреварите против Њу Старс во Регионалната Лига

Денес на теренот со вештачка трева во Ѓорче, своите натпревари од 9.коло во Регионалната-Скопска Лига ги одиграа генерациите 2007 и 2008.

Помладите петлиња на Кул стигнаа до убедлива победа на гостинскиот натпревар против екипата на Њу Старс. Нашите млади надежи триумфираа високо со резултат 0:3.

Уште по првото полувреме беше обезбедена победата, која беше изразена со резултат 0:3. Се играше 2.минута од натпреварот кога го отворивме резултатот со голот на Теодор Велковски за водство од 0:1. Веќе во 13.минута со погодокот на Калин Лупевски поведовме и со 0:2, додека по 30.минути игра имавме предност од 0:3, со голот на Тарик Муртиќ.

КУЛ: Ангел Цветевски, Мартин Гоџо, Драган Лазаров, Михаил Алексов, Леон Ангелески, Андреј Николовски (К), Лука Аврамовски, Тарик Муртиќ, Калин Лупевски, Теодор Велковски и Филип Димковски. 

Поразени бевме со генерацијата 2007, на овој натпревар екипата на Њу Старс победи со резултат 3:0. Работите околу победникот беа решени по само 11.минути игра, кога домашниот тим се стекна со високо водство од 3:0, резултат кој до крајот беше актуелен. Во 1. и 10.минута преку Георгиевски и во 11.минута со голот на Коцески беше поставен конечниот резултат.

КУЛ: Христијан Рајевски, Марко Ристоски, Јане Цветков, Душан Јовановски, Михаил Крстевски, Спасе Здравевски, Лука Тасевски, Марко Попов, Газменд Љамалари, Марко Стефановски и Даниел Николовски.