Висока победа на помладите пионери над Шкендија

Генерациите 2007 и 2008 гостуваат кај Њу Старс
05/27/2022
Половичен успех за „петлињата“ на Кул, на натпреварите против Њу Старс во Регионалната Лига
05/28/2022

Висока победа на помладите пионери над Шкендија

Помладите пионери денес го одиграаа последното 26. коло од Супер лигата, ФК КУЛ во истото беше домаќин на Шкендија. Нашите момци дојдоа до убедлива победа со резултат 3-0 (0-0) на мечот кој се одигра на „Цементарница“.


Нацев дуелот го започна со овој состав: Диковски, Мутовиќ, Трпевски (К), Стојановски, Спасовски, Имеров, Трифуновски, Беровиќ, Љамалари , Костадинов и Ризвановиќ.

Првиот дел се играше претежно на средината на теренот, двата тима на тој дел од теренот се надигруваа во поголем дел од првите 45.минути. Нашите момци во првото полувремето имаа две прилики за гол преку ист играч, станува збор за Ризвановиќ Тарик. Два пати упатуваше убави удари кои за жал не завршија во мрежата на тетовчани. Во финишот на првиот период на оваа средба за помлади пионери своја шанса имаше и Трифуновски Олег, тој упати удар со волеј од 20.метри, сепак голманот на гостите успеа да прифати. На одмор заминавме со резултатска симетрија, односно со почетниот резултат 0-0.


Вториот дел започна со наша теренска инцијатива, ние први имавме прилика за погодок. За нас удар упати Омар Беровиќ во 55.минута. Конечно погодивме во 60.минута, топката дојде до Љамалари Фисник, кој беше најснаодлив во казнениот простор на противникот и силно по земја стрелаше за 1-0. Тргнавме на ја удвоиме предноста, со сити сили атакувавме на голот на Шкендија од Тетово. Се играше 64.минута,  кога Трпевски Петар, капитенот на нашата екипа имаше корнер за изведување од десната страна, се одлучи за директен удар кон голот и видовме вистинско „ремек дело“. Со неговиот погодок поведовме со комотни 2-0. Од слободен удар се закани Невен Костадинов, неговиот удар беше блокиран. Точка на средбата со гол за 3-0 во 88 стави Никола Јовановски, популарниот „Газиран“ успеа мајсторски да стрела по земја во последната минута.

Играа уште и Лазовски, Спасовски, Петаноски, Ристов и Јовановски. Честитки до нашата генерација за победата, во рамките на ова последно 26.првенствено коло.