(ТАБЕЛИ) Пионерите се наша најдобра пласирана екипа, солидна сезона и за нашите останати генерации

Се комплетираше последното 26.коло во најквалитетната младинска Супер лига
05/30/2022
Екипите на Ла Масиа и Постолов се противници на генерациите 2009 и 2011 во 1/4 финалето на завршниот турнир во Детската Лига
06/02/2022

(ТАБЕЛИ) Пионерите се наша најдобра пласирана екипа, солидна сезона и за нашите останати генерации

Нашиот клуб во дебитантската сезона во најквалитетната младинска Супер Лига успеа да обезбеди опстанок и во следната сезона ќе биде дел од ова натпреварување. Изминатиов викенд се одигра и последното коло, после кое е познат распоредот на екипите кои се пласираа во сите четири категории.

Пионерите се наша најдобра пласирана екипа, која заврши на 4.место во пионерската Супер лига, со освоени 43 бодови. Помладите пионери со оглед дека имаа лош есенски дел, во пролетниот дел играа како препородени па на крајот финишираа на 8.место со 36 бодови, но разликата пример меѓу Кул и четвртопласираниот тим на Њу Старс на крајот е само пет бода разлика.

Кадетите иако во еден период беа и во борба за освојување на трофејот, сепак во последните кола „потфрлија“ и на крајот завршија како деветтопласирани со 29 бодови, додека младинците може да се каже дека одиграа добра сезона завршувајќи на 7.место со 40 освоени бодови.

Погледнете како изгледаат завршните табели.

Помлада пионерска Супер лига

Пионерска Супер лига

Кадетска Супер лига

Младинска Супер лига