Екипите на Ла Масиа и Постолов се противници на генерациите 2009 и 2011 во 1/4 финалето на завршниот турнир во Детската Лига

(ТАБЕЛИ) Пионерите се наша најдобра пласирана екипа, солидна сезона и за нашите останати генерации
05/31/2022
Екипата на Милано е наш противник во 10.коло на Регионалната Скопска Лига
06/03/2022

Екипите на Ла Масиа и Постолов се противници на генерациите 2009 и 2011 во 1/4 финалето на завршниот турнир во Детската Лига

Познати се противниците за генерациите 2009 и 2011, во рамките на 1/4 финалето на Детската Лига на ФФМ. Натпреварите ќе се одиграат во сабота (04.06) на терените на фудбалската федерација на Македонија.

Екипата на Ла Масиа од Охрид е противник за генерацијата 2009 на Кул, додека момчињата на Кул од генерација 2011 во 1/4 финалето на завршниот турнир за противник ја добија екипата на Постолов од Штип. Двата натпревари се закажани да започнат од 17:30 часот.

Во случај да ги поминеме споменативе противници, во можното 1/2 финале, генерацијата 2009 за противник ќе го има подобриот од дуелот на Постолов и Прилеп, додека генерацијата 2011 ќе се соочи со победникот од натпреварот на Пелистер и Шкендија.