Минимален пораз за ФК КУЛ генерација 2008 во Скопската Регионална лига

Екипата на Милано е наш противник во 10.коло на Регионалната Скопска Лига
06/03/2022
Пионерите на Кул и Раднички Ниш одиграа со нерешен резултат
06/05/2022

Минимален пораз за ФК КУЛ генерација 2008 во Скопската Регионална лига

Денес на стадионот „Цементарница“ во рамки на 10.коло од регионалната лига, ФК КУЛ беше домаќин на ФК Куманово Милано. На ова средба гостинот дојде до бодовите со минимални 1-2 (1-1).


Натпреварот го започнавме со следниот состав: Цветевски Ангел, Гоџо Мартин, Лазаров Дарган , Алексов Михаил , Ангелески Леон, Николовски Андреј (К), Талевски Трајче, Муртиќ Тарик, Лупевски Калин, Велковски Теодор и Димковски Филип.


Започнавме офанзивно, имавме повеќе креација и посед од гостинот. Нашите момци имаа повеќе од играта пред противничкиот казнен простор, создававме прилики. Први успеавме да поведеме на оваа средба од Скопската регионална лига за момци родени 2008 година. Топката дојде до капитенот на КУЛ, Николовски Андреј кој успеа да ја отвори средбата со погодок, со неговиот гол ние поведовме со 1-0 на натпреварот. По голот атакувавме на удвојување на предноста, имавме уште две прилики за тоа. Свои шанси пропуштија најпрвин Муртиќ Тарик, потоа шанса која не ја пртвори во погодок имаше и Велковски Теодор. Гостинот од слободен удар од над 20-сетина метра успеа да погоди во гредата, топката заврши во мрежата, кумановчани дојдоа до резултатска симетрија 1-1. До крајот се обидувавме да ја вратиме предноста, сепак на одмор заминавме со реми исход.


Вториот дел започна со мирна игра, ривалот упаати еден удар од дистанца на нашиот гол одлично одбрани Цветевски Ангел. По една контра кумановчани направија целосен пресврт и поведоа со 1-2 на оваа средба. Ние се обидовме да ја вратиме резултатската симетрија, со глава се закани Лупевски Калин, чии удар го одбрани голманот на противникот. Од клупата беа уфрлени три освежувања, во игра влегоа: Арнаудов Ведран , Аврамовски Лука и Кузманов Андреј. Потоа повторно во прилика за изеначување се најде Лупевски Калин, за жал и овој негов обид не донесе реми. За жал оваа на оваа средба бевме поразени со минимални 1-2.