Пионерите на Кул и Раднички Ниш одиграа со нерешен резултат

Минимален пораз за ФК КУЛ генерација 2008 во Скопската Регионална лига
06/04/2022
Генерацијата 2009 на КУЛ се вицешампиони на Македонија, пеналите среќни за Грозданоски
06/05/2022

Пионерите на Кул и Раднички Ниш одиграа со нерешен резултат

Пионерите на Кул одиграа со нерешен резултат 2:2, на контролниот натпревар против екипата на Раднички Ниш.

КУЛ: Јордан Јосифов, Марко Мицевски, Дарио Методиевски, Лулзим Амети, Бојан Нацев, Стефан Филиповски, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски, Белмин Цамиќ, Горазд Попов и Мохамед Ахмедов.

Видовме квалитетен и ефикасен натпревар, кој на крајот заврши без победник. Белмин Цамиќ беше играчот кој погоди од белата точка, додека после центар шут од корнер и една мешаница во противничкиот шеснаесетник, Матеј Цветановски се запиша во листата на стрелци на овој пријателски натпревар.

Имавме свои добри периоди на игра на овој натпревар, на кој во шанси се најдоа Васиќ, како и Ахмедов и Методиевски. На крајот конечниот резултат гласеше 2:2.

Екипата беше предводена од Марјан Нацев и Драган Стефановски.