Помладите пионери одиграа солидна сезона, Петар Трпевски постигна најмногу голови за оваа генерација

КУЛ со генерацијата 2010 на турнир во Несебар
06/13/2022
Пионерите се нашата најдобра пласирана екипа во младинските лиги
06/23/2022

Помладите пионери одиграа солидна сезона, Петар Трпевски постигна најмногу голови за оваа генерација

Генерацијата 2006 ја одигра својата дебитантска сезона во рамките на помладата Пионерска Супер Лига. Оваа генерација која имаше променливи резултати во двата дела од сезоната на крајот финишираше на осмото место на табелата. Освоивме вкупно 36 бодови, или на 24 одиграни натпревари остваривме 10 победи, 6 нерешени резултати и 8 порази. Интересно е тоа што екипата на Шкупи која заврши како четвртопласирана, имаше само два бода повеќе од нашиот тим.  Постигнавме 34 голови, додека примивме 35 погодоци.

Сите постигнати резултати на помладите пионери во лигата:

1 коло: Кул – Работнички  0:3

2 коло: Вардар – Кул  5:2

3 коло: Кул – Њу Старс  1:4

4 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  3:1

5 коло: Кул – Шкупи  2:2

6 коло: Академија Пандев – Кул  3:3

7 коло: Кул – Пелистер  1:3

8 коло: Победа – Кул  0:0

9 коло: слободни

10 коло: Ренова – Кул  0:0

11 коло: Кул – Брегалница  2:0

12 коло: Кул – Скопје  2:0

13 коло: Шкендија – Кул  0:3

14 коло: Работнички – Кул  1:1

15 коло: Кул – Вардар  0:1

16 коло: Њу Старс – Кул  2:0

17 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  1:0

18 коло: Шкупи – Кул  0:2

19 коло: Кул – Академија Пандев  2:1

20 коло: Пелистер – Кул  1:1

21 коло: Кул – Победа  1:0

22 коло: слободни

23 коло: Кул – Ренова  3:1

24 коло: Брегалница – Кул  4:0

25 коло: Скопје – Кул  1:3

26 коло: Кул – Шкендија  3:0

Што се однесува до играчите кои се запишуваа во листата на стрелци, капитенот Петар Трпевски, го предводи врвот во оваа генерација.

  1. Петар Трпевски  -6
  2. Фисник Љамалари  -5
  3. Никола Стојановски, Стојанче Камчев и Олег Трифуновски  -3
  4. Хабиб Бектеши, Омар Беровиќ, Александар Спасовски и Матеј Стојановски  -2
  5. Нури Абдурамани, Јован Бошнаков, Илхан Имеров, Тарик Ризвановиќ и Дамјан Спасовски  -1

Се натпреварувавме и во националниот Куп, каде настапот го завршивме во 1/8 финалето.

1/8 финале: Кул – Шкендија  0:1