Пионерите се нашата најдобра пласирана екипа во младинските лиги

Помладите пионери одиграа солидна сезона, Петар Трпевски постигна најмногу голови за оваа генерација
06/22/2022
Преглед на сезоната за кадетите, Јован Митревски е најдобар стрелец
06/29/2022

Пионерите се нашата најдобра пласирана екипа во младинските лиги

Пионерите беа нашата најдобра генерација која се натпреваруваше во младинските фудбалски лиги. Оваа екипа на Кул ја финишираше сезоната на 4.место во Пионерската Супер Лига, со 43 освоени бодови, или само два помалку од екипата на Брегалница која заврши на 3.позиција во лигата. Со оглед на играчките промени кои се случија во екипата, можеме да бидеме задоволни од остварениот пласман на нашите пионери. На 24 одиграни натпревари имавме 13 победи, 4 нерешени резултати и 7 порази. Гол разликата беше 49 постигнати и 33 примени голови.

Сите постигнати резултати на пионерите во лигата:

1 коло: Кул – Работнички  0:5

2 коло: Вардар – Кул  2:0

3 коло: Кул – Њу Старс  2:1

4 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  2:5

5 коло: Кул – Шкупи  3:0

6 коло: Академија Пандев – Кул  2:1

7 коло: Кул – Пелистер  2:2

8 коло: Победа – Кул  0:4

9 коло: слободни

10 коло: Ренова – Кул  1:4

11 коло: Кул – Брегалница  1:0

12 коло: Кул – Скопје  3:1

13 коло: Шкендија – Кул  2:3

14 коло: Работнички – Кул  2:0

15 коло: Кул – Вардар  2:0

16 коло: Њу Старс – Кул  0:3

17 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  2:0

18 коло: Шкупи – Кул  1:0

19 коло: Кул – Академија Пандев  2:2

20 коло: Пелистер – Кул  0:0

21 коло: Кул – Победа  1:1

22 коло: слободни

23 коло: Кул – Ренова  5:1

24 коло: Брегалница – Кул  4:1

25 коло: Скопје – Кул  0:5

26 коло: Кул – Шкендија  0:4

Двајца играчи го делат првото место, на листата на најдобри стрелци во првенството. Тоа се Борјан Наков и капитенот Матеј Цветановски, кои постигнаа идентичен број на голови.

  1. Борјан Наков и Матеј Цветановски  -10
  2. Белмин Цамиќ  -7
  3. Даниел Васиќ  -6
  4. Адис Зекири  -5
  5. Мохамед Ахмедов  -3
  6. Осман Фејзула и Стефан Филиповски  -2
  7. Томислав Богданоски, Матеј Панов, Виктор Стефановиќ и Стефан Петрушевски  -1

Куп натпреварувањето го завршивме во 1/8 финалето, каде бевме минимално поразени на домашен терен од екипата на Шкендија.

1/8 финале: Кул – Шкендија  0:1