Преглед на сезоната за кадетите, Јован Митревски е најдобар стрелец

Пионерите се нашата најдобра пласирана екипа во младинските лиги
06/23/2022
Добра сезона за младинската екипа на Кул, Томи Станковски ја предводи листата на стрелци
07/01/2022

Преглед на сезоната за кадетите, Јован Митревски е најдобар стрелец

Правиме преглед на сезоната за нашите кадети, кои завршија на 9.место во лигата со вкупно 29 освоени бодови. Оваа генерација во еден дел од сезоната беше еден и од претедентите за освојување на трофејот, се наоѓаше и во ТОП-3 екипи, но падот на табелата е поради лошите резултати во последните десет кола, во кои нашиот тим претрпе дури седум од вкупно 11 порази сезонава. Остваривме и 8 победи, како и 5 нерешени резултати. Постигнавме 31, додека примивме 39 голови.

Преглед на резултати за кадетите во првенството:

1 коло: Работнички – Кул  2:0

2 коло: Кул – Вардар  2:0

3 коло: Њу Старс – Кул  3:2

4 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  4:0

5 коло: Шкупи – Кул  0:0

6 коло: Кул – Академија Пандев  1:1

7 коло: Пелистер – Кул  1:0

8 коло: Кул – Победа  1:1

9 коло: слободни

10 коло: Кул – Ренова  2:0

11 коло: Брегалница – Кул  2:1

12 коло: Скопје – Кул  1:2

13 коло: Кул – Шкендија  3:0

14 коло: Кул – Работнички  1:0

15 коло: Вардар – Кул  2:2

16 коло: Кул – Њу Старс  1:0

17 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  3:1

18 коло: Кул – Шкупи  2:4

19 коло: Академија Пандев – Кул  2:0

20 коло: Кул – Пелистер  1:1

21 коло: Победа – Кул  3:0

22 коло: слободни

23 коло: Ренова – Кул  1:0

24 коло: Кул – Брегалница  0:3

25 коло: Кул – Скопје  5:1

26 коло: Шкендија – Кул  8:0

Најдобар стрелец за кадетите беше Јован Митревски, се работи за играч кој има дефанзивни задачи, но тоа не претставуваше проблем да се најде на врвот.

  1. Јован Митревски  -6
  2. Бојан Јанкулоски, Филип Стајковиќ, Борјан Наков и Димитар Стоимов  -3
  3. Стефан Ѓорѓиев, Теодор Перковски и Мухамедин Фејзула  -2
  4. Адис Зекири, Никола Крстевски, Дарио Методиевски, Шевал Мифтари, Филип Стојановски, Љубомир Стојановски и Белмин Цамиќ

Натпреварите во Купот ги завршивме во 1/8 финалето, каде на гостински терен бевме поразени од екипата на Шкендија.

1/8 финале: Шкендија – Кул  2:0