Добра сезона за младинската екипа на Кул, Томи Станковски ја предводи листата на стрелци

Преглед на сезоната за кадетите, Јован Митревски е најдобар стрелец
06/29/2022
Женската екипа на Кул го освои првото место во втората лига, преглед на сезоната
07/03/2022

Добра сезона за младинската екипа на Кул, Томи Станковски ја предводи листата на стрелци

Младинците на Кул одиграа добра сезона, со оглед дека завршија на средината на табелата во младинската Супер Лига. Екипата предводена од Драган Стефановски го освои седмото место со вкупно 40 освоени бодови. На 24 одиграни натпревари забележавме 12 победи, 4 нерешени резултати и 8 порази. Можеме да бидеме задоволни од конечниот пласман на младинците со оглед дека имавме само четири бода помалку од четвртопласираниот тим на Пелистер во лигата. Имавме позитивна гол разлика, од 43 постигнати и 29 примени голови.

Преглед на резултати за младинците во првенството:

1 коло: Работнички – Кул  0:0

2 коло: Кул – Вардар  1:2

3 коло: Њу Старс – Кул  0:0

4 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  0:1

5 коло: Шкупи – Кул  0:1

6 коло: Кул – Академија Пандев  1:2

7 коло: Пелистер – Кул  3:2

8 коло: Кул – Победа  2:1

9 коло: слободни

10 коло: Кул – Ренова  1:0

11 коло: Брегалница – Кул  0:0

12 коло: Скопје – Кул  0:5

13 коло: Кул – Шкендија  1:2

14 коло: Кул – Работнички  3:0

15 коло: Вардар – Кул  2:1

16 коло: Кул – Њу Старс  3:0

17 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  1:3

18 коло: Кул – Шкупи  2:1

19 коло: Академија Пандев – Кул  4:1

20 коло: Кул – Пелистер  1:0

21 коло: Победа – Кул  5:0

22 коло: слободни

23 коло: Ренова – Кул  1:2

24 коло: Кул – Брегалница  8:2

25 коло: Кул – Скопје  3:0 (службено)

26 коло: Шкендија – Кул  2:2

Томи Станковски беше играчот кој оваа сезона постигна најмногу голови за младинската екипа.

1. Томи Станковски  -10

2. Стефан Здравески  -8

3. Ангел Петрушевски  -5

4. Љупче Стефановски, Филип Јаневски и Гоце Коцевски -3

5. Никола Николов и Матеј Цветановски  -2

6. Дамјан Ивановски, Бојан Ристески и Јован Митревски  -1

Во Купот се натпреварувавме, каде бевме елиминирани од екипата на Шкендија.

1/8 финале: Шкендија – Кул  6:0