КУЛ беше седми најдобар клуб изминатава сезона во најсилната младинска Супер лига

Пуштен во употреба Фан Шоп на КУЛ
07/09/2022
ЗАПОЧНА НОВА ФУДБАЛСКА ПРИКАЗНА, ЖФК ИСТАТОВ КУЛ ГО ИМАШЕ СВОЈОТ ПРВ СОБИР
08/04/2022

КУЛ беше седми најдобар клуб изминатава сезона во најсилната младинска Супер лига

Нашиот клуб во изминатава сезона за прв пат се натпреваруваше во најсилната младинска Супер лига. Во конкуренција на 14 најдобри екипи од цела Македонија, на крајот од сезоната според вкупниот број на освоени бодови го освоивме 7.место што е одличен успех за Кул. Пред почетокот на сезоната од натпреварувањето се откажа екипата на Куманово Еуроспорт, додека во понизок ранг од следната сезона се селат екипите на Њу Старс, Ренова и Скопје.

Вака изгледаат позициите на клубовите на крајот од натпреварувачката сезона 2021/22 ( напомена, се собираат бодовите кои ги освоија клубовите натпреварувајќи се со четири генерации).

  1. Академија Пандев   -184
  2. Работнички                -179
  3. Вардар                         -177
  4. Шкендија                     -171
  5. Брегалница                 -154
  6. Победа                         -153
  7. КУЛ                               -148
  8. Македонија Ѓ.П         -145
  9. Пелистер                     -141
  10. Шкупи                          -141
  11. Њу Старс                    -114
  12. Ренова                         -52
  13. Скопје                           -23
  14. Куманово Еуроспорт   -0