Четири генерации на ФК КУЛ ќе се натпреваруваат на меѓународниот младински турнир „Гази Баба Куп 2022“

ЖФК Истатов Кул продолжува со подготовки во пресрет на новата натпреварувачка сезона
08/25/2022
Пионерите на Кул и Тетекс одиграа без победник, на контролен натпревар во Тетово
08/25/2022

Четири генерации на ФК КУЛ ќе се натпреваруваат на меѓународниот младински турнир „Гази Баба Куп 2022“

Четири генерации нa ФК КУЛ ќе се натпреваруваат на 4.издание на меѓународниот младински турнир „Гази Баба Куп 2022“ кој во периодот од 26-28.08 ќе се одржи во Скопје на три фудбалски терени. Нашиот клуб ќе земе учество во сите четири возрасни генерации, и тоа 2010, 2011, 2012 и 2013.

Натпреварите на генерација 2010 ќе се играат на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ на фудбалската федерација на Македонија, на поголемиот терен со вештачка трева. Избраниците на Марко Арсовски се дел од групата Г, во која се уште и екипите на Шкупи, Скопско Поле и Грозданоски. Учество ќе земат вкупно 16 екипи поделени во четири групи, оние кои ќе завршат на првите две места во секоја група ќе се пласираат во 1/4 финалето.

Распоред на натпревари за нашата генерација 2010:

ФК КУЛ – ФК Скопско Поле   11:20 ( 26.08)

ФК Шкупи – ФК КУЛ                16:50  ( 26.08)

ФК КУЛ – ФК Грозданоски     09:30  ( 27.08)

Вкупно 16 екипи ќе се борат за еден од медалите на турнирот и кај генерација 2011, меѓу нив е и екипата предводена од Никола Никанчевски. И тука сме сместени во групата Г, со екипите на Албарса, Беса и Шкендија од Тетово. Сите натпревари во групната фаза, како и оние завршните ќе се играат на на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ на фудбалската федерација на Македонија, на помалиот терен со вештачка трева.

Распоред на натпревари за нашата генерација 2011:

ФК КУЛ – ФК Шкендија   08:30  ( 26.08)

ФК КУЛ – ФК Албарса    16:50   ( 26.08)

ФК КУЛ – ФК Беса            11:20  ( 27.08)

Генерацијата 2012 ќе биде дел од групата Г, со екипите на Раднички Ниш, Драчево Јуниор и Куманово Еуроспорт. Натпреварите кај оваа генерација ќе се играат на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. Нашиот состав е предводен од Мики Тодоровски.

Распоред на натпревари за нашата генерација 2012:

ФК Драчево Јуниор – ФК КУЛ   11:20  ( 26.08)

ФК Еуроспорт – ФК КУЛ              18:00   ( 26.08)

ФК КУЛ – ФК Раднички Ниш      10:30   ( 27.08)

Напомена: Натпреварите од четвртфиналето во сабота ќе се играат на терените на ФФМ.

На теренот на ФК Фортуна во населеното место Сингелиќ, ќе се натпреваруваат вкупно 16 екипи од генерацијата 2013. Екипата предводена од Дарко Пешевски ќе биде дел од групата Б, со екипите на Победа, Железарец и Грозданоски 2.

Распоред на натпревари за нашата генерација 2013

ФК КУЛ – ФК Железарец    11:20   ( 26.08)

ФК Победа – ФК КУЛ           17:40   ( 26.08)

ФК КУЛ – ФК Грозданоски  2  09:30  ( 27.08)

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во сабота (27.08), додека полуфиналните, како и финалните и оние за трето место се закажани за недела (28.08).