Пионерите на Кул и Тетекс одиграа без победник, на контролен натпревар во Тетово

Четири генерации на ФК КУЛ ќе се натпреваруваат на меѓународниот младински турнир „Гази Баба Куп 2022“
08/25/2022
Со победа, генерација 2011 го отвори турнирот „Гази Баба Куп“
08/26/2022

Пионерите на Кул и Тетекс одиграа без победник, на контролен натпревар во Тетово

Пионерите на Кул под водство на Сашо Јанев денес го одиграа својот прв пријателски натпревар во подготвителниот период. Нашиот клуб гостуваше во Тетово, кај екипата на Тетекс, натпревар кој заврши со нерешен резултат 1:1.

Во првиот дел од натпреварот, домашниот тим имаше минимално водство од 1:0. Избраниците на Јанев во овој дел од натпреварот имаа неколку удари кон противничкиот гол. Најдобрата прилика ја имавме преку Лука Наумовски кој изби насамо со голманот на Тетекс, сепак нашиот играч не успеа да реализира голема шанса. Во првото полувреме, имавме обиди и преку Фисник и Газменд Љамалари, но не успеавме да ја погодиме противничката мрежа. На полувреме се замина со резултат 1:0 во корист на домашната екипа.

Во второто полувреме за одбележување се одбранетиот удар од 11.метри на нашиот голман, Даниел Диковски, како и израмнувачкиот погодок за 1:1 на Михаил Крстевски, кој погоди со глава после нафрлена топка од корнер на Имери. Во шанси се најдоа уште и Никола Јовановски, како и Илхан Имери, но конечниот резултат гласеше 1:1.

КУЛ: Даниел Диковски, Александар Спасевски, Матеј Стојановски, Гаврил Петаноски, Петар Трпевски, Бојан Митров, Газменд Љамалари, Лука Наумовски, Фисниќ Љамалари, Јане Цветков и Олег Трифуновски.