ЖФК Истатов Кул продолжува со подготовки во пресрет на новата натпреварувачка сезона

Полуфинале за генерација 2009 на турнирот во Прилеп
08/20/2022
Четири генерации на ФК КУЛ ќе се натпреваруваат на меѓународниот младински турнир „Гази Баба Куп 2022“
08/25/2022

ЖФК Истатов Кул продолжува со подготовки во пресрет на новата натпреварувачка сезона

Женската сениорска екипа на Истатов Кул продолжува со подготовки за новата натпреварувачка сезона и настапот во најсилната македонска лига.

Екипата предводена од Кирил Изов до овој момент одигра три контролни натпревари, на кои оствари два порази и една победа. Првиот натпревар на Истатов Кул беше против екипата на Саса, актуелен освојувач на Купот, како и двократен Шампион на нашата земја. Овој натпревар кој се одигра во Каменица заврши со триумф на противникот со резултат 2:8. За нашиот состав, стрелци на головите беа Бојана Петкова и Кристина Петрушевска.

По овој натпревар заминавме во Дојран, каде го одработивме главниот дел од подготовките. Екипата имаше можност да биде заедно, да се запознаат што подобро играчите, да се воигрува тимот, да се работи на физичката и тактичката подготовка и да се крева формата како одминува периодот. Подготовките во Дојран ги финиширавме со уште еден пријателски натпревар против екипата на Саса, кој повторно го добија девојките од Каменица со резултат 0:7.

Тренинзите продолжуваат на Цементарница, а во текот на вчерашниот ден гостувавме во Тетово кај екипата на Шкендија, со која имавме тест натпревар. Прв триумф за екипата предводена од Кирил Изов, која славеше со резултат 0:2. Бојана Петкова и Кристина Петрушевска успеаа да ја затресат противничката мрежа.

Во меѓувреме, Истатов Кул известува дека се засили со Верица Колевска, репрезентативен голман кој пристигна од екипата на ЖФК Скопје, која треба да ја засили конкуренцијата на оваа позиција.

Останува да работиме и да се подготвуваме за стартот на сезоната во првата женска лига, кој е предвиден за 9.септември.