Кадетско-младинската екипа „тестираше“ со ССК

Генерација 2012 подобра од Драчево Јуниор, на отварањето на „Гази Баба Куп“
08/26/2022
Четири девојки од Истатов Кул се наоѓаат на подготовки во Дојран со женската А фудбалска репрезентација
08/29/2022

Кадетско-младинската екипа „тестираше“ со ССК

Кадетско младинската екипа на Кул во текот на вчерашниот ден одигра контролен натпревар против сениорската екипа на ССК. Натпреварот кој се одигра во Драчево заврши во корист на домашниот тим со резултат 3:1. Сите голови паднаа во вториот дел од натпреварот, откако на полувреме немаше промена на резултатот.

Стрелец на единствениот гол за нас беше дело на Бојан Јанкулоски. Свои шанси на натпреварот имаа и Наков, Јанкулоски, Митревски и Љубомировски

КУЛ: Мартин Цветковски, Виктор Зафировски, Стефан Ѓоргиев, Марко Мицевски, Даниел Васиќ, Јован Митревски, Матеј Цветановски, Горјан Манасиевски, Горазд Попов, Бојан Јанкулоски.

Играа уште и Борјан Наков, Белмин Цамиќ, Дамјан Љубомировски и Јордан Петровски.