Четири девојки од Истатов Кул се наоѓаат на подготовки во Дојран со женската А фудбалска репрезентација

Кадетско-младинската екипа „тестираше“ со ССК
08/27/2022
Шест екипи утре ќе патуваат за Тетово, каде ќе играат натпревари со Шкендија
09/02/2022

Четири девојки од Истатов Кул се наоѓаат на подготовки во Дојран со женската А фудбалска репрезентација

Женската сениорска фудбалска репрезентација се наоѓа на подготовки во Дојран, за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското Првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

Дел од подготовките со националната репрезентација се и четири девојки кои настапуваат за ЖФК Истатов Кул. Се работи за Ана Милчевска, Бојана Петкова, Теодора Ѓоргиевска и Александра Јовановска. Селектор е нашиот тренер, Кирил Изов, додека дел од стручниот штаб е и Тања Крстовска.

На 1.септември во Скопје ќе ја пречекаме репрезентацијата на Летонија, додека на 6.септември во Виена ќе гостуваме на Австрија.